| Минато: еден од грчките масакри врз егејски Македонци |
|
|
|
Еве што за тоа запишал, меѓу другото, во својот извештај австрискиот конзул во Битола во тоа време Оскар Прохаска:
„Грчката чета го опколила селото во ноќта на 7-ми овој месец и навлегла во зората од повеќе страни истовремено... Грците оделе од куќа до куќа, каде што можеле да влезат, ги убивале мажите, но исто така ги убивале и жените и децата на варварски начин. Повеќе згради во кои не можеле да влезат ги разурнувале со динамит или ги запалиле. Околу 20- мина мажи биле врзани, одведени во блискиот дол и таму убиени. Истовремено се пљачкало, се крадело и се земале пари. На овој начин беснеела четата околу 3 часа... По нашето пристигнување, тргнавме од куќа до куќа и видовме само трупови и ранети. Вкупниот број на убиени изнесуваше 60- мина, од кои 53- ца мажи, 7 жени. Исто така имаше убиено и повеќе деца.
Некои од труповите што беа веќе во распаѓање, на грозен начин, со бомби и со истрели во близина, како со камења беа наполно деформирани. Во една куќа најдовме уништено едно цело 5- члено семејство ; четата фрлила динамитни бомби и убила со бајонет едно дете од околу 5 години кое бегало од куќата. Еден од двајцата свештеници е убиен со повеќе убоди од нож. Секаде лежеше истепан добиток на кој, исто така, се гледаа пробиви од куршуми и удари од бајонети". Прохаска има поднесено и дополнителен Извештај за злосторството во с. Загоричани. Во него истакнува дека помеѓу четниците имало и 16 души „ејаси ", припадници на Кралството, и Критјани. Тие носеле со себе 4 канти газија (петролеј) за да го запалат селото. Водач на четата бил грчкиот поручник Георгиос Вардос Цонтос Критјанин.
|







На 04.07.1905. година грчките банди извршиле масакр над македонското население во селото Загоричани- Костурско.













