НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ВРЕМЕТРАЕЊЕ Пребројување на Македонците во дијаспората; средба на македонисти во САД
Пребројување на Македонците во дијаспората; средба на македонисти во САД Печати Е-пошта

 

Обединета македонска дијаспораКонференција на македонистиПребројувањето се актуализира со измените на Изборниот закон на Македонија, во кој е вградено остварување на избирачкото право на македонски државјани кои живеат во странство.
 
(Потсетување: по следните општи избори ќе се зголеми бројот на пратениците во македонското Собрание на 123- мина (досега 120-мина), од кои тројца ќе ги гласа дијаспората.)
 
Голем проблем е што ниедна институција во Македонија со сигурност не може да каже колку Македонци живеат во странство. Неофицијалната бројка е над 560.000 во Австралија, Америка и Канада и околу 300.000 во европските земји.
Во Сад почна кампања за пребројување;
 
Минатиот месец на Универзитетот во Јута (САД) се одржа значајна конференција на македонисти.
 
Во веста за кампањата во САД се вели дека целта на регистрацијата на Македонците е на пописот на населението, што треба да се одржи идната година, да се покаже дека и според бројот тие можат да бидат повлијателни и признаени во американското општество, а преку утврдување на реалниот број тие ќе имаат соодветен пристап до јавни и приватни услуги. Секој Македонец на пописот ќе треба во полето „други“ своерачно да впише „Македонец“.
 
Коалицијата од 10 македонски организации ќе ги едуцира македонските иселеници на пописот да се регистрираат како Македонци.
 
Се потенцира дека, како и многу други етнички групи, Македонците традиционално не биле вистински изброени Според Обединетата македонска дијаспора, идејата за формирање на коалиција произлегла од форум на Интернет на една од организациите.
 
Инаку, претставниците на македонските иселенички организации се единствени дека податоците од официјалните пописи не ја одразуваат реалната бројка на Македонците. Причините се во прашањата содржани во пописните обрасци и во различните периоди во кои луѓето од сите краишта на Македонија ја напуштале родната почва. Имено, евиденцијата најчесто се врши според земјата од која потекнуваат, јазикот што го зборуваат, верската припадност, а изјаснувањето за етничката припадност, како што се поставува во Македонија, најчесто не се практикува. Во Канада се поставувало и прашањето за етничкото потекло.
 
Според едно сознание, во Италија се регистрирани околу 90.000 македонски државјани, а што укажува дека во неа моментно живеат најголем број наши сонародници. Во Австралија се регистрирани околу 84.000, во Германија 63.000, Швајцарија 60.000, САД 44.000, Канада 31.000. Овие бројки не се веродостојни, туку се многу поголеми. На пример, се проценува дека во Австралија има 300.000 Македонци (сосе оние од Егејска Македонија кои се третираат како да се од Грција и припадниците на втората и третата генерација кои се сметаат за Австралијци).
 
За конференцијата на македонистите во САД, која од 1991-ва година се одржува на секои три години наизменично во САД и Македонија:
 
Според извештаите од Јута, таа не минала без проблеми. Грчки претставници се обиделе да ја узурпираат за политички цели, па организаторите презеле соодветни мерки- забраниле снимање на презентациите и најмиле обезбедување. 
 
Забележлива е цврстата поврзаност на луѓето кои се занимаваат со студирање на македонскиот јазик и култура во САД.
 
Еден од помладите, Ендру  Граан, од Катедрата за антропологија на Универзитетот во Чикаго, повеќе пати бил на научен престој во Македонија. За „Гласот на Америка“ изјавил дека конференцијата е драгоцена можност од колеги да добие информирани коментари за неговата работа.
 
Во Македонија на едногодишен научен престој бил и Ендру Добровски, исто така од Универзитетот во Чикаго. Тој развил теорија дека потеклото, националноста и различните јазици  на кои се зборува на мал простор, како Македонија, влијае врз начинот на кој луѓето се справуваат со општи предизвици, како што е невработеноста.
 
Координатор на оваа конференција била Емилија Црвенковска, професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Како од сите досегашни, и од годинашнава ќе биде објавен зборник на излагања и дискусии, мошне важна за идните генерации на лингвисти:
 
„Македонистиката има перспективи на северноамериканскиот континент, а најзаслужни за тоа се професорите Виктор Фридман и Кристина Крамер, обајцата надворешни членови на МАНУ. Овие конференции се можност да се проговори за македонскиот јазик, за историјата и културата и можност за поголем број слависти и балканисти во САД да се запознаат со оваа проблематика.
 
Во Јута го промовиравме зборникот од претходната, 6-та конференција што се одржа во Охрид во 2006- та година. Рефератите од оваа  ќе бидат објавени на некој од универзитетите во САД. Професорот Фридман веќе дваесетина години ја координира оваа активност од американска страна и не попушта на никакви притисоци за нејзино спречување“.
 
 

 

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top