| Успех на Австралиско- македонскиот театар од Сиднеј |
|
|
|
Во списанието „Македонски глас-online на македонската дијаспора на 07.11.2008- ма е објавена информација на Иван Трпоски под наслов „Неочекуван успех на Австралиско- македонскиот театар од Сиднеј“. Станува збор за успехот на претставата „Страв и срам“ од Душан Ристевски, во режија на Зоран Лозевски.Информацијата ја пренесуваме во целост:
Минатата недела, во прекрасниот Civic Theatre во Хрствил, Македонците во Сиднеј имаа уште една прилика да ја гледаат драмската изведба „Страв и срам“ од Душан Ристевски во режија на Зоран Лозевски.
Драмата беше изведена од Австралиско - македонскиот театар од Сиднеј, а драмскиот проект се работеше во партнерство на Службата за ментално здравје од југо-источниот дел на Сиднеј и Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.
Како што бевме информирани од режисерот Лозевски, овие престави беа поставени на сцена по барање на македонската заедница и како дел од програмата на Discovery Festival во организација на општината на градот Хрствил во Сиднеј, а во рамките на Неделата на грижителите и програмата на Службата за ментално здравје од регионот Ст Георге во Сиднеј.
Двете престави беа посетени од повеќе од триста луѓе кои немаа зборови во искажувањето на нивната возбуда од прекрасната сценска поставка и професионалниот настап на најдобрите македонски глумци во Австралија. Да потсетиме дека истата драма беше прикажана во април и мај оваа година во Сиднеј (пет престави) и Волонгонг (една престава). Покрај професионалиот настап, Лозевски нагласи дека тоа можеше да се постигне само со добар созреан драмски текст. Пред него се наоѓаше голем предизвик: сценски да се изведе еден крајно трогателен и полн со динамика текст за да биде прифатен од македонската публика. На седумете престави присуствуваа повеќе од две илјади гледачи, нешто незабележано досега за македонска драмска изведба во Австралија.
Драматургот и поет Душан Ристевски за да го напише ова дело ги комбинирал својата креативност и работата во психологијата. Тој несомнено успеа да создаде драмско дело кое ги допре душите како на помладите, така и на постарите, како на жените, така и на мажите, како на болните, така и на здравите...
Како што не информира авторот Ристевски, главната тема што ја обработува ова дело е стигмата (срамот) од менталните болести, но исто така се прикажува и деструктивноста на дрогата, алкохолот, како и домашното насилство. Главната цел на ова драмско дело е да се намали оваа стигма која носи поголеми трауми дури и од самите ментални болести. Истата е психолошка драма исполнета со емоционални набои за трагедијата што го придружува едно македонско семејство во кое здравјето на децата е поважно дури и од животот на родителите. Поради тоа некои се навратија да ја гледаат оваа престава по втор или трет пат, да понесат со себе впечатоци кои ќе им помогнат да се преиспитаат самите и го променат гледањето на животот.
Улогите ги толкуваа: Васко Србиновски (како Борис), Олга Николовска (Ленка), Кире Тошевски (Александар), Тони Глигуровски (Гоце), Соња Божиновска (Весна), Марија Кочовска (Спасија), Митра Недановска-Нешковска (Нада), Николче Цветковски (Др Брајан), Пеце Зенговски (поп Наум), Соња Зенговска (Анѓа) и Александар Чакоски (Шон).
По успешните настапи во план е издавање на драмата на англиски јазик, како и поставување на сцена во еден од престижните театри во Сиднеј. Исто така се размислува за преведување на текстот и на други јазици и сценска изведба за намалување на стигмата и во другите етнички заедници во Австралија. За таа цел се добиени и дотации од Заводот за здравство.
Авторот и терапист Ристевски не информира дека Службата за ментално здравје работи на посебна студија за успехот на овој културен- театарски приод во решавањето на стравот и срамот од менталните болести.
Како што не информира режисерот Лозевски, пристигнати се покани оваа драма да се прикаже и во градовите Канбера, Мелбурн и Перт, како и театарот да земе учество на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
|







Во списанието „Македонски глас-













