| Необично: работилници за поддршка на македонските баби и дедовци |
|
|
|
Текстот е објавен под наслов „MAWA- Работилници за поддршка на македонските баби и дедовци“. Го пренесуваме со незначителни скратувања и корекции. Македонско- Австралиското добротворно друштво од Сиднеј Инк. (Macedonian Australian Welfare Association of Sydney Inc. - MAWA) заедно со St. George TAFE Outreach неодамна ја формира групата на македонските баби и дедовци кои се грижат за своите внучиња, а живеат во областа на St. George. Првата работилница беше одржана на 1- ви ноември во помошните простории што се наоѓаат до црквата Св. Петка во Rockdale. {mosimage}За овој проект (пилот- проект) беа добиени финансиски средства од Families NSW, а е во соработка со St George Migrant Resource Centre. Со овој пилот- проект MAWA ќе има за цел да им помогне на македонските баби и дедовци, кои ја имаат улогата на грижители за своите внуци, да ги информира повеќе како можат да имаат подобар пристап до сите потребни служби, што би им ја олеснило нивната улога. На тој начин би се зголемиле нивните способности за грижа на најмладите членови од нивните семејства, а наедно ќе им даде можност да се запознаат со другите македонски баби и дедовци кои имаат слична улога. Ова е особено важно за оние кои, впуштени во својата грижителска улога и секојдневна зафатеност, на некој начин помалку се одвоени/исклучени од останатата заедница. Преку дружење и заемна размена на сопствените искуства, ќе научат повеќе за улогата на грижители, како подобро да се грижат за нивните внучиња, а истовремено ќе научат и како да се грижат за самите себе и да си ја олеснат грижителската улога. Така, првата работилница се обиде поконкретно да ги разгледа специфичните проблеми со кои овој вид на грижители секојдневно се соочуваат и начините на кои тие можат да бидат решени. Така, на пример, проблемите што се поврзани со австралискиот начин на живот и потребата да се интегрираат во него, потребата за подобрување на знаењето на англискиот јазик што во извесна мера може да ја подобри комуникацијата со нивните внуци... Во наредните недели ќе бидат разгледани многу теми: „Која е мојата улога на грижител и како се чувствувам јас за тоа?“, „Каде можам да добијам помош и кои се другите служби што можам да ги добијам?“, „Како да ги подготвам подобро моите внуци за на училиште?“... Крајот на проектот, што ќе биде во првата недела на декември, ќе биде одбележан со заеднички излет на некое блиско излетничко место, каде што новосоздадените пријатели ќе имаат можност да се договараат за своите идни дружења кои ќе продолжат и по неговото завршување. |







Во „Австралиско-македонски неделник“













