НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ВРЕМЕТРАЕЊЕ Политичко организирање на Македонците во Албанија
Политичко организирање на Македонците во Албанија Печати Е-пошта

Едмонд ТемелкоПред четири години во судот во Тирана беше регистрирана партијата на Македонците во Албанија со назив „Македонска алијанса за европска интеграција". Таа е прва и засега единствена македонска политичка партија во странство.

На првиот партиски конгрес, што се одржа на 25.04. годинава, партијата е премиенувана во „Македонска партија", а за нејзин претседател со тајно гласање е избран Едмонд Темелко, еден од основачите, актуелен градоначалник на општина Пустец и претседател на регионалниот комитет за Мала Преспа.

Конгресот се одржа во Тирана по неколку одлагања, а делегатите избраа нови органи и тела и донесоа програма за работа.

Со Конгресот претседаваше Васил Стерјовски, а заедничка е оценката дека тој значи обединување на Македонците од сите делови на Албанија, без оглед на вероисповеста и различниот социјален статус, но и визија како натаму да се води борбата за унапредување на нивните права.

Усвоената Резолуција за положбата и правата на Македонците претставува континуитет на пред неколку години потпишаната Резолуција во Охрид од страна на сите претставници  на малцинствата. 

Деновиве Централниот комитет, како највисок орган на партијата, ќе избере двајца потпретседатели - едниот од областа Голо Брдо, а другиот од Гора. Тој треба да донесе, според раководството и многумина членови, историска одлука- со која од двете најголеми албански политички партии, владејачката Демократска или опозиционата Социјалистичка партија,  Македонска партија ќе коалицира на претстојните парламентарни избори во Албанија што се закажани за 28- ми јуни.

Изјава на лидерот на партијата Едмонд Темелко:

„Најголем предизвик за мене, како прв претседател на партијата, се претстојните парламентарни избори.  Преку

неа

, преку проширување на целата територија на Албанија каде што постои македонско население, ќе се афирмира македонскиот народ во Албанија за да може да биде фактор

и

да се вклучи во инситутициите на системот на Република Албанија".

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top