| ОМО Илинден- Пирин на протест во Стразбур против бугарските судови |
|
|
|
Според него, 36 земји од 47 членки на Советот на Европа не успеале целосно да ги спроведат пресудите на судот, а кои требало да бидат обврзувачки. Се работи за пресуди стари и над 5 години. Помеѓу с6- земји се спомнати и Бугарија и Македонија. Бугарија не спровела 59 пресуди на Европскиот суд за човекови права, помеѓу кои и 4- те пресуди во 2005- та и 2006- та година во случаите што „ОМО Илинден- Пирин" и ОМО Илинден ги покренаа против бугасрската држава. Македонија, пак,не спровела 22 пресуди, од кои 4 за нечовечно однесување и тортурам, а останатите за долго водење нма судски процеси од македонското судство. На веб страницата на Матица на иселениците (http://www.maticanaiselenici.com/) е објавен текст на МИМ со наднаслов „Се затвораат ли предметите на Македонците од Бугарија во Белгија?" и наслов „ОМО Илинден-Пирин ќе протестира во Стразбур". Пренесуваме делови од него: Бугарија сака да ги затвори како „решени" до крајот на годинава сите четири предмети ОМО „Илинден" и ОМО „Илинден-Пирин" и покрај тоа што партијата на Македонците во Бугарија се' уште не е регистрирана, за што во вторник ќе расправа Комитетот на министрите на СЕ. Оваа позиција на паневропската асамблеја драстично се разликува од последната одлука на Комитетот на министрите. Во јуни извршниот орган на организацијата (во кој седат претставници на владите), која годинава слави 60 години од основањето, остава впечаток дека Бугарија е на прагот да ја наметне својата визија за пресудата на Европскиот суд за правата на човекот. Софија се покажа успешна на дипломатски план. Само неколку дена пред јунската расправа за овој случај пред Комитетот на министрите декларативно соопшти дека ќе ги почитува и целосно спроведува пресудите на Судот од Стразбур. Истовремено, на 19 мај бугарските судови третпат ја одбија повторната регистрација на ОМО „Илинден-Пирин". Комитетот на министрите беше запознат со ова, но изненадува неговата реакција, нарекувајќи го „интересен" фактот што повторно одбиената регистрација на ОМО „Илинден-Пирин" веќе не се темели врз истите оправдувања поради кои му беше поништена регистрацијата. Комитетот притоа изрази и задоволство за декларациите на бугарската влада, која не гледа пречки поради кои организацијата на македонското малцинство во Бугарија може да се регистрира како политичка партија ако ги почитува формалните законски барања за политичка партија. Извршниот орган на СЕ, во одлуката донесена во јуни, посакува да го затвори случајот како решен на утрешната расправа, не водејќи сметка дека Европскиот суд за правата на човекот се' уште нема донесено одлука околу повторните неуспешни обиди за регистрација на партијата. На нашите бројни инсистирања до Советот на Европа да добиеме објаснување за последната одлука на Комитетот на министрите, која значи отстапување на еден начин од барањето за регистрација на партијата, никој не сакаше да разговара. Единствено ни беше речено со „жалење" дека случајот „ОМО Илинден-Пирин" е чувствителен и оти севкупната документација е објавена на 19 јуни на Интернет-страниците на СЕ. Имено, во интерпретацијата на пресудата „ОМО Илинден-Пирин против Бугарија", Секретаријатот задолжен за следење на пресудите на Европскиот суд за правата на човекот, во февруари 2007 година, ја потсети Бугарија дека во другите случаи за кои се има изјаснето Европскиот суд за правата на човекот, кои се однесуваат на кршење на правото на слободно здружување поради распуштање или одбивање на регистрацијата на организации или политички партии, Комитетот на министрите се погрижил да се испочитува принципот restitutio in integrim, тужената држава да ги укине законите според кои е одбиена регистрацијата или е направено распуштањето. Односно враќање во првобитната ситуација. Македонската дипломатија во Стразбур уверува дека се лобирало во полза на случајот. Нашиот претставник во Стразбур има и дополнителен аргумент, Македонија ќе го регистрира „Радко", бидејќи многумина во Стразбур и особено во Софија сакаат да ги поврзат и ги поврзуваат двата случаја, кои се дијаметрално спротивставени кога станува збор за нивната програмска ориентација. Ако случајот биде затворен, тој сигурно ќе ја има истата судбина како и случајот „Сидиропулос и Домот на македонската култура од Лерин против Грција", кој, иако е „затворен како решен", домот се' уште не може да се регистрира во Грција. Македонците од Бугарија отворено стравуваат дека е можно да биде донесена таква резолуција од Комитетот на министрите на СЕ, па затоа пред неколку дена во Стразбур лобирале кај неколку делегации и претставници на Комитетот на министрите дека овој предлог е неоснован. „Ако е тоа така, ќе биде многу жално, многу мизерно, бидејќи на таков начин самиот Комитет и самиот Совет на Европа, па дури и самиот Суд за човекови права ја губат секоја смисла за своето постоење, бидејќи ако можат пресудите да се затвораат без да бидат исполнети, тогаш зошто луѓето воопшто би се суделе во тој суд," изјави Стојко Стојков од ОМО „Илинден-Пирин." Партијата најавува нови акции за да го привлече вниманието на европската јавност. Македонија не треба да дозволи случајот да се претвори во билатерален спор помеѓу Македонија и Бугарија, како што беа направени обиди во Стразбур, бидејќи случајот ОМО „Илинден-Пирин" не е билатерален. Тоа е европски случај од кој зависи кредибилноста на Советот на Европа и неговата определба да бара од сите земји- членки целосно спроведување на пресудите на Судот од Стразбур. Во продолжение го пренесуваме во целост интервјуто за „Дојче Веле"со Томас Хамарберг, комесар на Советот на Европа, за европскиот проблем- признавањето на малцинствата, објавено во март и на веб страницата на ОМО ИЛинден- Пирин (http://www.omoilindenpirin.org/
Факт е дека од европските земји Грција не е единствената, која не признава постоење на малцинства на своја територија, тука се и Турција, Франција... Позицијата на овие земји е дека, ако официјално се признае постоењето на малцинство, тогаш се појавуваат ризици од дискриминација и нивно изложување на предрасуди од остатокот на населението. Значи, нивната официјална позиција за негирање на постоењето на малцинство се правда со намерата да се заштити тоа малцинство од дискриминација. Затоа Советот на Европа ја донесе Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства, која дозволува да се избегнат кршењата на правата на малцинствата и нивната дискриминација. Дали со правото на самоизјаснување на попис, на кој луѓето слободно би можеле да кажат како се чувствуваат, може да се реши проблемот со непризнавањето на нивното постоење? Да, сметам дека комбинацијата на пописот со процесот на самоопределување е нешто позитивно затоа што им дава можност на граѓаните да се изјаснат и да ја искажат нивната припадност кон една група. Како последица, државата е принудена да признае дека постојат луѓе кои изразуваат желба да и' припаѓаат на една малцинска група, а со тоа и правото да создаваат здруженија, да издаваат весници и да се собираат како група. Да, пописот може да биде корисен метод за да се идентификува постоењето на малцинство. Сличен е и проблемот во Бугарија, која исто така не го признава постоењето на македонското малцинство. Може ли да се рече дека непризнавањето на македонското малцинство во Грција и Бугарија е регионален проблем и наследен од минатото? Да, овој проблем има историска заднина во некои делови на Европа. Но, во модерна Европа, денес, мора да се признае дека луѓето можат да имаат различни идентитети, дека тие можат истовремено да и' припаѓаат на една малцинска група и истовремено да бидат лојални граѓани на државата и во однос на мнозинското насление. Луѓето имаат различни идентитети. Интересна последица од размислувањето за човековите права е дека малцинствата би требало да бидат признати доколку сакаат да бидат признати. Непризнавањето на македонското малцинство од две земји, во кои има лица кои самите се изјаснуваат како Македонци, дали тоа всушност е регионален проблем? Да, тоа е регионален проблем, но тоа исто така е и европски проблем, всушност тоа е општ проблем. Овие проблеми доаѓаат пред Судот за човекови права во Стразбур, но проблемот е во тоа што пресудите не се почитуваат во целост ниту во Грција, ниту во Бугарија. Се надевам дека ќе продолжат дискусиите и дијалогот по ова прашање, а нашите извештаи ќе придонесат да се подобри нивната ситуација, како и дискусијата- секогаш во рамките на почитувањето на човековите и малцинските права. Господине Комесар, Вие веќе зборувавте за нецелосното почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, кога станува збор за пресуди што се однесуваат на македонското малцинство. Грција и Бугарија ја исплаќаат оштетата, но за индивидуалните мерки како нивната регистрација ништо не е направено. Дали Советот на Европа и меѓународната заедница располагаат со средства за да ги принудат овие земји да ги исполнат нивните обврски? Во системот на Конвенцијата за човекови права се подразбира дека државите членки треба да ги почитуваат и спроведат одлуките на Европскиот суд за човекови права што е можно побрзо и на најдобар начин. Тоа е општата одредба на конвенцијата. Но, постои и специјална процедура која се спроведува за да се осигура дека ќе се случи такво нешто. Таа процедура подразбира дека Комитетот на министрите постојано следи дали државите ги исполнуваат пресудите. Во рамките на Комитетот работи еден посебен секретаријат, кој ги подготвува дискусиите. Министрите во Комитетот одлучуваат за тоа дали пресудите се спроведуваат или не и тие се занимаваат и со двата случаи за кои зборуваме. ОМО Илинден-Пирин, девет години по создавањето како политичка партија, се' уште не може да учествува во политичкиот живот на Бугариј - и покрај неколкуте пресуди во негова корист донесени од Европскиот суд за правата на човекот. Што мислите, дали може да се зголеми притисокот врз Бугарија за да ја регистрира оваа политичка партија, што се залага за почитување на правата на македонското малцинство во Бугарија? Овој предмет беше пред Судот во Стразбур, во моментов се' уште се водат дискусии во Комитетот на министрите. Не знам точно до каде се дискуиите, но се надевам дека Бугарија целосно ќе ја спроведе оваа пресуда. Бугарија ја ратификува Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства, но таа не се однесува на македонското малцинство. Можно ли е да се прошири нејзината важност, така што ќе го опфати и македонското малцинство во оваа земја? И воопшто, дали може лесно да се измени Конвенцијата, со што на владите нема да им се дозволи самите да одлучуваат кои малцински групи ќе бидат признати како национално малцинство? Не, се разбира дека не е лесно да се измени Конвенцијата. Како што беше усвоена, таа им дозволува на владите да одлучат кои малцинства ги признаваат или не ги признаваат. Сметам дека треба да се концентрираме на фактите и да се надеваме дека ќе најдеме добро решение за овој проблем, за кој зборувате. Се надевам дека јас или моето биро ќе имаме можност да водиме разговори со бугарските власти за да видиме што може да се направи конкретно за овој случај во духот на човековите права. Господине Хамарберг, можеме ли да бидеме задоволни од начинот на кој се почитуваат правата на националните малцинства во Европа? Мислам дека остануваат уште многу големи проблеми, иако е многу и направено. Нашето биро работи многу на ситуацијата и правата на ромското население, за нивните малцински права да се почитуваат ефективно во секојдневието, во реалноста. Ние сме загрижени и за односот кон мигрантите, барателите на азил и бегалците, кои доаѓаат во Европа од различни страни на светот. Европа за жал не е совршена и останува уште многу да се направи. Иако има напредок, но претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со тоа дека човековите права целосно се почитуваат во Европа. |






















