| Најново: оценка на договорот со Австралија и протест на грчката заедница во САД |
|
|
|
А пред неколку дена грчката заедница во САД објави протестно писмо во врска со „антигрчката настроеност во Македонија и на македонската дијаспора". Реакција- одговор од македонската заедница засега нема.
-Вчера (03.12.2009.)во Скопје (Македонија) владејачката партија ВМРО- ДПМНЕ одржа прес конференција на која беше истакнато значењето на Договорот што го потпишаа македонскиот и австралискиот премиер, со кој македонските иселеници што живеат и работат во Австралија ќе можат своите стекнати пензии во оваа држава да ги добиваат и во Македонија. Членот на Извршниот комитет Зоран Петревски информира дека со овој билатерален меѓународен договор се надминува досегашната законска пречка со која македонските иселеници не можеа да ги земаат своите пензиите ако се надвор од Австралија подолго од три месеци, и се овозможува земање предвид на работниот стаж остварен во двете држави во процесот на добивање на пензија. Едновремено, се намалуваат и трошоците на компаниите кои работат во двете држави. Имено, привремените работници или нивниот работодавач ќе бидат предмет на законодавството на нивната матична земја, што значи дека истите ќе бидат ослободени од обврските за плаќање на придонеси во рамките на законот на другата држава. Во Македонија, според проценките, од дијаспората во домашниот буџет годишно се слеваат повеќе милиони долари. Реалните очекувањата се дека овој договор, инаку прв официјален потпишан помеѓу Македонија и Австралија од воспоставувањето на дипломатските односи, ќе поттикне голем дел од иселените Македонци да се вратат во татковината. Петревски потенцира дека со него дополнително се зацврстува врската со нашите иселеници и се обезбедуваат поголеми можности за економска соработка, се потврдува проактивната улога на Владата на Република Македонија на меѓународен план, како и добрите билатерални односи и соработка со Австралија; -Во отворено писмо на организацијата на Американците со грчко потекло „Панмакедонска асоцијација", публикувано во „Хеленик њус оф Америка", грчката заедница во САД изрази протест во врска со „антигрчката настроеност во Македонија и на македонската дијаспора". „Националисти од бившата југословенска република и нејзината дијапсора во своите изјави искажуваат омраза кон Грците", е наведено во писмото кое е испратено и до раководството на Универзитетот во Јута каде што деновиве треба да се одржи конференција посветена на истражувања за Македонија. „И покрај тоа што голем дел од учесниците на конференцијата се занимаваат стриктно со проблемите на Поранешната југословенска република Македонија, сепак има и политички лектори кои атакуваат и го оцрнуваат народот на Грција и ги искривуваат историските факти во своите вознемирувачки презентации. Официјални владини и академски извори во ФИРОМ го негираат грчкиот суверенитет врз целата територија на државата Грција и северната грчка област Македонија ја нарекуваат „Егејска Македонија" или „македонски регион под грчка јурисдикција". Тоа се гледа и од последните изјави на македонскиот премиер Никола Груевски, дадени пред македонската дијаспора во Австралија, но и од содржината на новоиздадената Македонска енциклопедија, издадена од Македонската академија на науките и уметностите", се наведува во протестното писмо. |





















