НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ВРЕМЕТРАЕЊЕ Владиката Петар непожелен за Македонците во Австралија
Владиката Петар непожелен за Македонците во Австралија Печати Е-пошта

Владиката ПетарЗаедницата на Македонците во Австралија побара итна седница на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква и го обнови барањето за повлекување на митрополитот Петар од функцијата администратор на македонските цркви во Австралија со цел надминување на повеќегодишниот раскол.

10-мина претседатели на исто толку црковни општини потпишале заедничко писмо кое е испратено до сите архиереи на МПЦ, а во кое се бара Синодот на МПЦ да го повлече митрополитот Петар затоа што, според нив, ја злоупотребува позицијата која ја има и и’ нанел огромна финансиска штета на МПЦО “Света Петка” со седиште во Рокдајл.

Тие предупредуваат дека постои опасност црквата “Света Петка”, која важи за една од најубавите во таа земја, да биде продадена поради големите трошоци кои ги направил г. Петар во долгогодишниот судски спор. Нуѓно е да се прекинат сите судски постапки против МПЦО “Света Петка”, што во име на МПЦ 12 години ги води надлежниот архиереј.

Претставниците на македонските православни црковни општини во Австралија обвинуваат дека Владиката Петар ги ставил во позиција да ги продадат 6-те станови што се наоѓаат до црквата, а кои биле нејзина сопственост. Доколку не го направеле тоа, поради економскиот пустош што го направил г. Петар, постоела опасност банката да им ги одземе и да ги продаде по многу пониска цена.

„Бевме принудени и имот на црквата да заложиме како гаранција за адвокатските сметки“ - обвинуваат тие.

С потенцира дека треба што е можно поскоро да се организира седница на која Синодот ќе ги разгледа сите трошоци направени од г. Петар за судските постапки против црквата “Света Петка”.

Верниците во Австралија воопшто немаат доверба во владиката Петар, па е време на неговото место да дојде нов митрополит кој ќе ги стави интересите на МПЦ пред личните и кој навистина ќе се грижи за верниците. Во поткрепа на својот став, Македонците го цитираат владиката Наум, според кого за Црквата се важни верниците, а не имотите, и се надеваат дека тој може да донесе мир помеѓу Македонците во Австралија.

Веќе 10-тина години црковните општини на Македонците во Австралија водат спор со митрополитот Петар околу надлежностите врз црковните имоти. Верниците се поделени. Мал број од нив му даваат поддршка на г. Петар, а повеќето од основачите на тие цркви не му се лојални затоа што, според нив, митрополитот тоа го први во лична корист.

Владиците Наум и Пимен неодамна изјавија дека проблемот лежи во колебливоста на Синодот на МПЦ за конечно да го реши спорот во Австралиско- новозеландската епархија на МПЦ.

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top