| Македонските кралеви од Аргејците и Антигонците |
|
|
|
Станува збор за автор на книгата „Критичка анализа на александровата анабаза“, во која Газепов докажува дека Грците ја присвоиле историјата на Античка Македонија за да ја присвојат и накитат со славна историјата, а и за да ја оправдаат окупацијата на делот од Македонија (Егејска).
Во воведната белешка Воденски уште вели:
„Во еден разговор ми рече: „Им ја ебав мајката на Грците, им набив кол, а за мене си направив вечен споменик со моите книги“.
Поврзувајќи ги сите настани, доаѓам до заклучок дека покојниот Лазо Газепов во затворот во Солун бил труен со отров кој бавно делувал и дека сето тоа било смислено од тајната полиција на Грција“.
Кон текстот е приложено и генеалошкото дрво на македонската династија:
Генеалошкото дрво на макдонската династија на кралевите и царевите изгледа вака:
Пердика; 2) Аргео (653-621 г.п.н.е); 3) Филип I; 4) Аероп I; 5) Алкет I; 6) Аминда I; 7) Александар I (498 г. п.н.е.); 8) Пердика II; 9) Архелај 413-393 г.п.н.е.); 10) Орест; 11) Аероп без познато колено; 12) Павсанија, син на Аероп; 1) Пердика II малиот; 14) Аминда III; 15) Александар II; 16) Еврионој; 17) Птоломеј, син на Алор од непознат произход; 18) Пердика III; 19) Филип II (359); 20) Аелксандар III великиот; 21) Александар IV со Филип Аридео; и 22) Иракли (315.г. п.н.е.).
Наброените 22 кралеви се од династијата на Аргејците (Аргеади),а спомнувани и како Темениди. По нив имаме династија на Антигонидите- потомоци на Антигон едноокиот, а тие се:
23) Антигон I (301.г.п.н.е.); 24) Деметриј I полиоркет (307-283 г.п.н.е.); 25) Антигон II гонат (283-239); 26) Деметриј II (239-229); 27) Антигон II дозен (229-221 г.п.н.е.); 28) Филип V (221-179); 29) Персеј, син на Филип V (179-168 г.п.н.е.).
Кога Македонија се појавила на Балканот и во светот како голема политичка и воена сила, античките историчари и подоцна поети (Грци) се обиделе искривувајќи ја историјата на Македонците и Македонските кралеви да ја поврзат со Грција (со Пелопонез). Искривувајќи ги фактите и поврзувајќи слични имиња на градови, династијата на Аргејците, која има корен и врска со градот Арго Грестидски (областа Грестида го зела името од кралот Орест), градче на 12 км. од Костур, Грците се обиделе да ја прикажат како да потекнува од Аргос на Пелопонез. Апијан од Александрија (95 години п.н.е.) и неговата историја што ја напишал за Римјаните во 24 книги, се сосема несигурни. Тој во своите книги говори за создавањето на Рим од Адријан и за војните на Македонците со Илирците, во кои меѓу другото одредил точно дека Арго Орестидски е во западна Македонија од каде потекнува династијата на Аргејците.
Значи, Аргејците се потомци на Аргео, кој е најстарата личност од македонските кралеви. Тој е првиот домороден крал, но Херодот намерно го става втор, а Пердика прв, бидејќи Пердика, наводно, дошол од Пелопонез, за да им даде обоеност на македонските кралеви дека дошле од Пелопонез т.е. дека произлегуваат од таму, што не е вистина. Во доказите дека античките Македонци биле посебен ентитет, кои немале врска со античките Грци (Елини) е и шестогодишното владеење во Македонија на македонски кралеви и цареви, доказ дека Македонија самостојно се развивала како држава, издвоено од Грците и другите соседи.
Потпаѓање под Римско царство
Со Македонија од 168 година п.н.е. завладуваат Римјаните. На ден 22.06.168 г.п.н.е. се судриле македонските фаланги со римските легии во решавачката битка за која се подготвувале и двете страни. Македонската воена сила била многу намалена од самиот поход, било намалено населението од преселните Македонци во новоосвоените земји, била намалена воената сила на македонската војска од меѓусебните расправии и судири на наследниците на Александар по неговата смрт, исто така од зачестените бунтови што се појавувале во огромната држава во кои интервенирала македонската војска и секако губела од својата сила и бројност, иако успешно ги совладувала сите бунтови. Македонците очекувале напад од страна на Римјаните и 10 години се подготвувале за одбрана, но и покрај тоа биле поразени од побројната и посвежа армија на Емилиј Павле. Изгубената битка била страшна и уништувачка. Во таа битка кај Пидна паднале на бојното поле 20.000 Македонци, помеѓу нив и водачот генерал Антифил со многубројни свои земјаци, војници и офицери. Биле заробени 5.000 македонски војници, помеѓу нив и царот Персеј и понижувачки одведени во Рим. Тешко поднесувајќи го римското ропство, Македонците 18 години подоцна кренале востание против Римјаните под раководство на Андрик и потпомогнати од Тракијците успеале да ги протераат Римјаните (150 г.п.н.е.) и да ја ослободат Македонија.
Наредната 149 г. многубројната римска војска под команда на Јувентус се обидела повторно да ја покори Македонија, но и тогаш Римјаните биле поразени.
Во 148 г.п.н.е. Римјаните го замениле Јувентус со Метел кој, откако со дипломатија успеал да ги издвои сојузниците на Македонија (Тракијци и др.), го принудил Андрик на борба во која Македонците биле поразени и Македонија повторно била поробена од Римјаните. Но, античките Македонци и понатаму одвреме- навреме кревале востанија. Потоа опстојувале во првото Римско царство, во Источното римско, па потоа Византиското царство. Помешани со Славјаните, кои во меѓувреме се населиле на Балканот и во Македонија, тие постоеле.
Грците ги присвојуваат имињата на своите освојувачи
Херодот, во интерес на вистината сакам да речам дека поради интересите на Грците изоставил да напише дека Теменидите биле македонско семејство уште пред Македонците да ја освојат Тесалија, а за да ја злоупотреби на тој начин Арголида, рекол дека не е исклучено тоа семејство да потекнува од Еге (Воден).
Во подоцнежната историја до денес не отсуствува ниеден настан кој ги докажува постојните празнини што се родиле од различноста на македонските и грчките племиња, што е докажано и од официјалната грчка држава.
Да ги потсетам Грците дека и нивното име не е нивно, туку е присвоено (Елини, Грци) во мрачните темни години (750 г.п.н.е.). Името кое им припаѓа на Грците е: Пелазги, Морајти, кои прагматично ги напуштиле земајќи ги потоа имињата: Ахајци, Доријци, Грци. И последно Ромејци. Тие секогаш ги присвојувале имињата на оние од кои биле освоени и така во текот на историјата се нарекувани со различни имиња.
А обратно, Македонците отсекогаш (дури и пред 1500 години п.н.е.) го одржале и задржале своето име Македонци (Исиод, 700 г.п.н.е.), а Хомер ги викал Македни. Според други стари писатели, името Аргејци е семејно презиме и не произлегло од местото. Мешавината Пелазгијци името Македонци и Македонија се обидувале и се уште се обидуваат да го превртат и присвојат, со единствена цел славата на Македонците да ја присвојат и да се китат со неа. Грчките антички писатели со приказни и митови сакаат да го уверат светот и себе си во лагите што ги измислуваат, односно ги измислиле нивните претходници.
Пердика се смета за прв крал на Македонците, а според Херодот не бил Македонец. Другите кралеви пред него не ги познавале, но не можеме да го исклучиме нивното постоење изгубено во времето до првиот крал Аргео. Аргео ни го претставува Херодот како син на Пердика, а е многу чудно како династијата Аргејци се именува според синот, а не според таткото. Од тоа произлегува дека тоа со Пердика е измислица со цел да се прикажат Аргејците од Македонија како Аргијади, според Еврипид, од Пелопонез.
Во Голишани откриени два антички гроба
Со векови во паметењето на луѓето од воденскиот „Лак“, кои ја обработувале земјата по наследство како мали и сиромашни земјоделци, во тој рај е македонската татковина каде, како што велеле, од генерација на генерација се наоѓаат и гробовите на македонските кралеви. Пердика на својот син Аргео му го покажал местото каде што треба да биде погребан и му рекол: „Македонското кралство (царство) ќе продолжи да постои се додека гробовите на кралевите се одржуваат непознати на светот“. Го слушавме ова уште во нашите мали години, тоа се предаваше од генерација на генерација, од нашите почитувани родители и старци, и дека Филип II е погребан во лагот помеѓу две реки, како што Индусите ги погребувале нивните кралеви. Уште ни велеа родителите да не се доближуваме до гробот, да не бараме каде се наоѓа, бидејќи штом ќе го видиме мртвото тело и неговите големи очи веднаш ќе умреме.
Овие работи ни ги раскажуваа луѓе сосема неписмени, без да го познаваат писмото и читањето, кои немаа поим од историјата на Македонија. Тие луѓе прости ниту чуле за женствениот Демостен, ниту за софистот Сократ, ниту за екс робот Платон, ниту кој е Филип или Александар, но само го паметеле расказот од претците што од уста на уста се предавал на поколенијата. Тоа беа чисти пренесувачи на заповедта (аманетот) на првиот историски македонски крал Пердика. Тоа задолжение и наредба на Пердика се потврдува со фактот дека во Еге ниеден гроб на крал не е пронајден до денес, освен еден кој се смета дека е на Филип и кој бил ограбен од Римјаните, велеа старите во имотот на Атанас Газеп, син на Никола, а потоа имот на Васил, син на Атанас, во местото „Мирџанка“, топоним во лагот, а синоним на истоимениот извор.
Исто така, во с. Голишани (Левкаџа), помеѓу Вртикоп (Скидра) и с. Копаново (со ант. име Миеза, денес Пиге), покрај градот Негуш пред некоја година (мај 1943 г.) и сосема случајно се откриле под земја два гроба, слични на гробовите од Кутлеш (Вергина) од еден мал сопственик на имотот (каде што му тонела водата при наводнување) по име Аматидис Христодулос (помалиот гроб)...Во близина на помалиот гроб е пронајде и поголем покриен со слој земја и со бујни растенија, величествено изработени и декорирани со ретко убави фрески.
|




















