НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ВРЕМЕТРАЕЊЕ Западни лижавчиња
Западни лижавчиња Печати Е-пошта

Македонски гланик-логоМакедонски гласникМакедонски гласник-  логоВо „Македонски гласник" (Macedonian Herald), број ноември-декември 2001- ва, е објавен коментар на Драги Стојковски под наслов „Западни лижавчиња", за „старо- новиот" предлог за преименување на Република Македонија во „Република Северна (или Горна) Македонија".

Го преземаме- објавуваме на нашиов сајт за „ука и поука" на нашите „аналитичари", „експерти" и „политичари" (опозиционата партија СДСМ) кои предлогот на Метју Нимиц „Република Северна Македонија", прифатлив за Данајската република (Грција), го сметаат за добар и го поддржуваат :

„Во РМ имаме дилетантски (новајлии) политичари кои непромислено и без проверка го пуштаат јазикот по секое подадено лижавче од западните политичари (т.е. олеснувачи, протуркувачи, присилувачи и силеџии). Меѓународната кризна група предложи нешто што на нашите политичари вднаш им заличи на лижавче, па природно беше за нив да се излажат и затрчаат. Но, кога ли ќе разберат нашите дилетанти дека името на државата која ја водат (а кое сме го имале за илјадници години, и тогаш кога имавме држава и тогаш кога бевме сираци без држава) не е царство/ народна република/ социјалистичка република или Република Македонија, туку едноставно и единствено Македонија. Сите други придавки и додавки само го објаснуваат политичкиот карактер на државата Македонија.

За жал, Грците и сите наши непријатели го знаат тоа многу подобро од нашите политичари и затоа тие немаат забелешки на додавката Републка (ваква или онаква), туку имаат забелешка на името Македонија. Грците знаат дека државта ни е водена од дилетанти и дека по крвавите настани не знаат каде им е главата, па решија дека токму сега е времето за пуштање на пробни балони, за да ја испитаат подготвеноста на нашите дилетанти за понатамошни отстапки.   

Потоа, да не заборавиме да напомнеме за еден друг генијален предлог на Кризната група, а за кој нашите дилетанти гледаат како на позитивен предлог, а тоа е во ООН името на нашата држава да биде на македонски, но напишано на латиница. Така што наместо „Republic of Macedonia" ние и таму ќе бидеме „Република Македонија". И генијалноста нивна не застанува  тука, бидејќи според нив Република Македонија во регистарот во ООН наместо под буквата „М" да биде под буквата „Р", па според таа логика мнозинството земји во регистарот ќе треба да бидат под истата буква затоа што мнозинството држави во светот имаат републиканско уредување. Дали Република Грција, Франција, Кина и др. ќе бидат под буквата „Р" или пак федералните републики под буквата „Ф"? Се разбира дека не. Ова е очигледно уште едно кршење на сите меѓународни права, само да ни „угодат" на нас Македонците. Каква чест имаме! За наша несреќа, нашите политичари дилетанти така сето тоа и го разбираат.

ДОГОВОР ЗА ПЦУЕЊЕ!

Меѓународната кризна група предлага да потпишеме договор со Грција за таа да не викала Република Северна/ Горна Македонија? Па зарем ние потпишавме договор што досега тие не викаа „скопјани" или „скопски цигани"? Се разбира дека не потпишавме. И дали воошто треба некој да потпише за другиот да го омаловажува? Ако Грците сакаат да не викаат Марсовци, нека повелат, тоа е нивна работа (или култура), но ние не смееме да потпишеме уште еден понижувачки договор за цел свет да ни се смее. Јас предлагам да потпишеме еде цивлизациски договор со Грција: Грција да признае дека во 1912- та година го пороби јужниот дел од Македонија и дека во името на добрососедските односи мирно ќе ја повлече својата воено/ полициска и државна администрација јужно од македонската планина Олимп, а ние, пак, исто така во името на добрососедските односи, ќе ги ослободиме од плаќање оштета за скоро едновековното поробување на пола македонска земја, со целосното македонско население кое остана таму, и за скоро едновековната оргија на мачења, силувања, горења на села, градови, имоти и луѓе, етничко чистење, нечовечко однесување кон човека и лажење на целиот свет дека ништо од тоа не се случило.

ГЕНЕТИКАТА НИ ДОАЃА НА ПОМОШ

Со напредокот на науката, посебна на генетиката (ДНА), секојдневно дознаваме дека многу осудени затвореници во Канада и САД (а сигурно тоа се случува и во другите „цивилизирани" држави) се ослободуваат и рехабилитираат голем број на луѓе кои, иако невини, во минатото биле осудувани на долготрајни години затвор за злодела кои очигледно не ги сториле. Нешто слично се случува и со грчката лага дека ние, Македонците, наводно сме ја украле „нивната" древна историја! И цел свет го убедуваа дека ние сме лажговци, дека името сме им го зеле (па нели старите Македонци биле Грци?), па дека Сонцето од Кутлеш сме го зеле, итн. итн. Настрана сите древни историчари (повеќето од нив Грци), кои недвосмислено велеа дека не само што древните Македонци не биле Грци, туку дека тие никогаш не сакале ниту да бидат наречени Грци.

Меѓутоа, како што науката ги оправдува невино осудените, така и најновите истражувања во генетиката докажуваат дека не само што Македонците немаат ништо заедничко со Грците, туку  и дека Грците немаат ништо заедничко со другите медитерански и балкански народи и дека се доселени на Балканот после Македонците! Додека Македонците имаат генетска сличност со другите стари медитерански народи (Италијанците, Французите, Шпанците, Евреите, Либанците, Египтјаните, Анатолијанците и др.), Грците се генетски сродни со под- сахарските народи од Етиопија, Судан и западна Афика (Буркина- Фасо)!

Каков шок за чистите Грци по род! Не само што не припѓаат во Македонија, тие не припаѓале ниту во Европа!

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top