НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ВРЕМЕТРАЕЊЕ Македонија повторно во безизлезна ситуација
Македонија повторно во безизлезна ситуација Печати Е-пошта

Радио ИлинденПод овој наслов „Радио Илинден“ од Мелбурн- Австралија на 17. ноември (2009.) објави прилог на Гордана Димовска- информација за организирана дваипол часовна отворена трибина на радиото со учество на голем број на слушатели, а од која е изведен единствен заклучок (поднаслов на текстот): дијаспората во Австралија со една мисла и еден глас- преговори за име, преговори за обезличување на македонската држава, македонскиот идентитет.
 
Прилогот го пренесуваме во целост:
 
Националната измешаност на балканот,е една нормална појава која настанала поради дејствувањето на низа објективни фактори во текот на вековите.
 
Посебно таа појава ја афектира и е особено карактеристична за Македонија. Факт е дека Македонија зазема клучна позиција во Европа, клучна позиција на балканот. Низ Македонија врвеа многубројните националности од југ, север, запад и исток. Во сите други балкански држави постојат значителни малцинства, а само грчките пропагандисти тврдат дека Грција е наполно –хомогена-во национална смисла, дека таму нема никакви малцинства, освен некои *расфрлани етнички групи во Солун* како што јужниот сосед тоа го кажува.
Етничките  промени што се случувале на егејскиот дел на Македонија од 1913-1928 година, имале и големи економски последици што ги засегнале скоро сите сфери на економскиот живот.
Во Септември 1953 година грчкиот претставник во организацијата на обединетите нации Алексис Киру и грчкиот министер за надворешни работи Стефанопулос, изјавија дека не постои македонско малцинство во Грција. Ова е добро познатиот став кој и до ден денес е присутен во Грција која со децении  ја продолжува студената дискриминаторска политика спрема македонското население во егејскиот дел на Македонија.Така со еден континуитет и тоа одамнешен, упорно се одрекнува постоењето на македонското малцинство во Грција. Имотите им беа одземени со закон на сите избегани егејски Македонци кои без своја вина, во време на граѓанската војна, за да го избегнат физичкото малтретирање, беа принудени да ги напуштат своите имоти и да побегнат во соседна Југославија. Без оглед на таквите околности Грција донесе Закон за одземање на нивите имоти без компензирање на судска пресуда и со тоа им ја одзеде и можноста да се вратат во Грција, додека пак нивните, семејства,  роднини што се наоѓаат во Грција беа принудени на еден начин да ги напуштат родните огништа.
 
ДИЈАСПОРАТА ОД АВСТРАЛИЈА СО ЕДНА МИСЛА И ЕДЕН ГЛАС
 
На дваипол часовната отворена радио трибина на радио илинден-мелбурн слусателите со силен глас и став ги пренесоја следниве пораки:
И денес по кој знае кој пат сме ставени во позиција да преговараме за својата судбина, да преговараме за своето постоење како библиски народ кој си има своја историја, своја богата култура, традиција, обичаи, јазик. Каде се чуло и видело во светот, да се става на расправа името на една земја. Македонија не смее да дозволи да се става во вакви позиции, да преговара за сопственото име, да преговара за своето постоење и географски и како народ со свој посебен идентитет. Македонија треба под итно да ги прекине овие бесмислени преговори и да бара зачленување во европската унија без условувања, без уцени, затоа што ние тоа не го заслужуваме.
Ако сме поднеле апликација до Еу како држава, значи ние сме прифатени и признати како Република Македонија, што е сега проблемот со менување на име! Тоа е дискриминаторски и голема неправда се нанесува над македонскиот народ кој моментно е како заробен во својата сопствена преубава земја, присилена да го менува своето име, својот идентитет односно со други зборови да се обезличи, да се уништи и тоа парче земја што ни остана – само за да се зачлени во ЕУ и НАТО.Што добиваме со зачленувањето ако не сме тоа што сме, ако не сме Македонци и ако нашата земја не е веќе Македонија.
До кога светот ќе ги затвора очите пред вистинските факти за постоењето на еден посебен народ на балканот? Премногу долго му дозволивме на  јужниот сосед и Европа,да се истакнува  со искривена историја за Македонија, сега е крајно време да се признае нашата упорност, достоинствена борба за зачувување на нашата земја, нашиот идентитет. Ако Македонија сега подлегне на притисоците што се наметнати во врска со така наречениот компромис за името, ќе се соочиме со катастрофални последици. Тоа ќе биде финален удар на македонската држава, нација, идентитет, историја. Треба да се запре агресивната пропагандна тортура што јужниот сосед ја спроведува со цел да го обезличи она што остана од Македонија. Доста правевме отстапки за да му угодиме некому, и крајно време е да речеме СТОП на секакви преговори, договори околу нашето име т.е нашето постоење со кое никој не смее да тргува.
Уредникот и водител Дончо Ангелоски одлично си е заврши работата и доби многу позитивни комплименти како водител и горд Македонец на отворената радио трибина на радио Илинден-Мелбурн.

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top