Елијан за Македонците

Печати

ЕлијанЕлијан (Аилианос , лат.Aelianus) e познат воен писател на Римската Империја кој никако не користи латинско писмо но алфабетско и чија најголема преокупација во неговите дела е македонската воена тактика.

Тој пишува и за други современи на неа, но овие како споредбени (особено подоцнежната фаза од епохата на македонизмот - III век п.н.е). Треба да се напомене дека е автор и на дело за тактиката кое го посветува на царот Трајан (98-117).

Сепак, Македонците со своите воени подвизи и потенцијали му се најомилена тема. Во нејзината обработка користи се што е од постарите автори и писатели кои пишуваат за епохата на македонизмот, особено Асклепиодот. Толку е ревносен што воопшто не води сметка дека римската воена практика одамна ја надминала македонската. Во пишувањето користи и едно дело од Полибиј подоцна изгубено. Елијан е можеби најзначаен според тоа што дава најмногу податоци за егзерцирот. Византискиот цар Лав VI многу подоцна изобилно ќе го плагира Елијана, а Арапите ќе го преведат околу 1350 год. по Христа. Во Западна Европа, Елијан ќе се преведува често од XV век наваму (кога и всушност повторно заживува тактиката на пешадијата во збиени формации).

Но, неговото потекло е енигма. Досега за речиси секој автор што пишувал на алфабетско писмо (тн.старогрчко писмо и јазик) за потекото на истиот се ставаше нејасното најверојатно Грк(?!), па така и за овој автор, иако ништо друго конкретно не укажува на тоа! Влечењето заклучок за некакво негово грчко потекло од писмото со кое со користи Елијан најмалку држи. Имено, добро се знае дека не само Македонците, туку ниту еден народ од источниот Медитеран не користи друго писмо, освен ова тн. старогрчко кое и самото е всушност адаптација на постарото феникиско писмо, ниту значи дека се и тие сите Грци, а ниту, пак, се изучуваат како такви, ами како засебни. Дури и самите Римјани сопствената историја се до првата половина на II-от век пр.н.е, ќе ја пишуваат исклучиво на старогрчки, иако имале и свој јазик и свое писмо, па поради ова не се изучуваат како Грци.

Ако се оди со логиката Што писмо пишуваш, тоа си по потекло, тогаш денес, кога со латиничното писмо пишува поголемиот дел од народите на светот, ќе треба сите тие да се прогласат за Латини (Итали) по род!

Поради сево ова останува нејасно зошто не се согледани и другите аспекти на Елијановото дело, на пример неговата постојана љубов да пишува токму за величината на македонската воена практика, со толку жар и фалоспевие, иако веќе одамна ги надминале новите римски воени практики. Пишувањето на само едно дело посветено на римски цар (Трајан) повеќе како да е поради умилкување кон римските власти и потребнотопокритие, за во сите други да може покомотно да ја велича македонскaта воена стратегија. На се ова, и неговото лично име (Аилианос) е многу повеќе со македонски корен, одошто со грчки, па кога се ќе се сведе подобро, многу повеќе претпоставки можат да се извадат за македонско, одошто за грчко потекло на овој значаен автор од времето на Римската империја.

(Овој неавторизиран текст е објавен на сајтотwww.macedonium.org. /Го преземаме со мали јазични и стилски корецкии и со напомена дека посодветен наслов би бил „Кој е Елијан“, зашто не се наведува ништо од него, од неговото дело за Македонците- како што најавува насловот.)