Од географската постојаност и далечното минато на Македонија

Печати

МакедонијаИма мошне интересни податоци и „нај“ побрзани со географските одредници на Република Македонија, а такви во нејзиното времетраење, конкретно од нејзиното најдалечно минато се неброени.

Република Македонија има свој антипод на Земјината топка- се наоѓа во Пацификот, на околу 1.500 км источно од новозеландскиот Северен Остров.

Знаете ли колку кралеви имала Македонија?

 

Од географијата на Македонија:
-Најсеверната точка на Република Македонија се наоѓа во месноста Аниште, северно од селото Луке во Кривопаланечко, а ги има следниве координати во степени, минути и секунди: 42 степена, 22 минути и 21 степен северна географска широчина, и 22 степена, 18 минути и 04 секунди источна географска должина.

Најисточната точка се наоѓа во месноста Ченгино Кале, источно од Берово, и ги има следниве координати: 23 степени, 02 минути и 12 секунди источна географска должина и 41 степен, 42 минути и 33 секунди северна географска широчина.

Најјужната точка се наоѓа на источниот брег од Преспанското езеро, кај Маркова Нога во Ресенско, и ги има следниве координати: 40 степени, 51 минута и 16 секунди северна географска широчина и 21 степен, 07 минути и 33 секунди источна географска должина.

Најзападната точка се наоѓа во месноста Кастењар, западно од Дебар, и ги има следниве координати: 20 степени, 27 минути и 32 секунди источна географска должина и 41 степен, 31 минута и 04 секунди северна географска широчина.

Положбата на Балканскиот полуостров е речиси идеално централна, а во Европа- јужна.

На север кон Северниот Пол се наоѓаат Србија и делови од Романија, Унгарија, Чешка, Словачка, Полска, Литванија, Летонија, Финска, Шведска и Норвешка, а на југ кон Јужниот Пол делови од Грција, Либија, Чад, Централноафриканската Република, Заир, Ангола, Замбија, Намибија, Боцвана и Јужноафриканската Република.

Република Македонија ги има приближно истите географски широчини со областите помеѓу Неапол и Рим во Италија, островот Корзика, Андора, Пиринеите, шпанските региони од Барселона до Ла Коруња, северноамериканските предели помеѓу Њујорк и Бостон, Детроит и Чикаго до Портланд кон северниот Пацифик, јапонскиот остров Хокаидо, северна Кина, јужните делови на Русија, Каспиското Езеро и Црното Море.

Македонските кралеви:
-Во долгогодишната историја на античката македонска држава најдолго кој владеел со неа бил нејзиниот основач- кралот Пердика I.

Листата на кралевите кои најдолго биле на престолот изгледа вака (сите пред нашата ера):

Пердика I (707-645)- 62 години, Александар I Филенин (498-454)-44 години, Аминтас I (540-498)- 42 години, Пердика II (454-413)- 41 година, Аминтас III (393-369)- 24 години, Филип II Македонски (359-336)- 23 години, Александар III Македонски (336-323)- 13 години. Во тие 13 години тој создал држава што и денес спаѓа помеѓу најголемите во историјата на човештвото.

Македонската средновековна држава во текот на своето 42- годишно постоење имала тројца цареви. Тие владееле: Самоил (976-1014)- 38 години, Јован Владислав (1015-1018)- 3 години, Гаврило Радомир (1014-1015)- 1 година. Последниот на листава, вториот цар, всушност владеел помалку од една година.