Политичките и социјалните движења организирани поради борба за основните права на жените, нивната еманципација и рамноправност, за укинување на експлоататорскиот однос спрема нив во производството, општеството и семејството, јакнат со почетоците на развојот на капитализмот- кога развојот на индустријата ги привлекол и жените на работа надвор од семејството.
Во досегашната историја на борбата на жената се издиференцирале два правца: феминистички и пролетерски движења.
Феминистички ориентираните организации инсистирале - инсистираат пред се на борба на сите жени против мажите кои, според нивното мислење, се главните виновници за нерамноправноста на половите, без оглед на класната припадност. Пролетерските движења, пак, упатувале на тоа дека нерамноправната положба на жената е условена единствено од структурата на експлоататорското општество, па единствен пат на борбата за рамноправност е нивното вклучување во општото револуционерно работничко движење.
И двата правца ја губат својата актуелност со развојот на демократијата и афирмацијата на индивидуалните вредности на човекот.
Во сите општи и специјални (пред се политички- политиколошки и историски) енциклопедии можете да го прочитате уште ова:
Движењето за еманципација на жените се развива особено по Француската револуција. По првиот елан во периодот на револуцијата и стагнацијата за време на Наполеон, во Франција тоа повторно јакне по 1848. година. По Мартовската револуција се јавува движење на жените во Гермајија, а во Америка борбата за граѓанските права на жените особено дошла до израз од 1861. до 1865. година.
Во 1865. Луиза Ото- Петерс ја формира првата поголема женска организација во Германија, а во 60-тите години на 19. век во Англија се јавува Движењето на суфражеткињите, кои во 1903. ги организираат Women`s Social and Political Union.
Многу припаднички на револуционерни организации учествуваат во народното движење во Русија. Хелена Ланге, Аугуста Шмит и Гертруд Баумер се најистакнатите феминистки во Германија. На крајот од 19. век социјалистичкото и пролетерското движење на жените добива се повеќе на значење, посебно со политичката дејност на истакнатите борци Вера Фигнер и Клара Цеткин, а подоцна со дејноста на плејада големи жени, синдикални борци, теоретичари на социјализмот и општеството воопшто и политички трибуни, од Роза Луксембург до Долорес Ибарури Ла Пасионарија.
Во периодот помеѓу Првата и Втората светска војна жените во многу европски земји постапно стекнувале елементарни права да работат и дејствуваат под исти условои како и мажите. Денес во однос на правото на глас во сите европски земји, освен во некои кантони во Швајцарија, жените се изедначени со мажите.
По Втората светска војна во повеќе европски, азиски, африкански и американски земји дејствуваат масовни женски организации како делови од демократските движења. Во меѓународни рамки постојат повеќе од 50 организации.
Каква е денешната состојба со еманципацијата на жената?
Еве еден најнов прилог на Интернет. Го пренесувам- преведувам со незначителни скратувања:
Ако не сте знаеле, Март е месец на жените! Додека Запад ги велича на осмиот ден од првиот месец на пролетта во знак на сеќавање на манифестацијата со која во Русија е обележан крајот на Првата светска војна, и на Далечниот исток во тие денови се одржуваат спектакуларни свечености во чест на поубавиот пол, со што март станува меѓународен месец на женскиот универзум.
Сосема е сеедно дали тогаш се се жолтее од нежни мимози, се синее од мирисни зумбули или се белее од праскини цветови- важно е дека секоја жена го избира својот цвет и и наздравува на неуништливата сила на женственоста.
А сега кус прелет преку Планетата на Жените, да видиме што важно се случило во минатото.
1. Измислен е (модерниот) тампон
Не ни е намерата да ги кудиме старите Египтјани кои користеле омекнат папирус за да го спречат „излегувањето на менструацијата на слобода“. Тоа бил значаен напредок во однос на старите Грци кои дрвено стапче од исти причини обмотувале во памук, волна или трева.
Модерниот тампон во 1929. година го измислил Ерли Хас. Специјалистот за остеопатија од Денвер всушност ја прилагодил хируршката „затка“ (Французите го дале називот „тампон“) и две години подоцна го патентирал како „менструален пронајдок“.
2. Благодарам, Папа- Јоргос!
Следниот пат кога гинекологот ќе ви каже „само убаво опуштете се“ додека ви зема брис од устинката на матката (целта е што порано откривање на преканцерозни ќелии), заблагодарете се и помислете на момчето по име Јоргос Папаниколау кој индексот на смртноста од рак на устинката на матката ја намалил за цели 75%.
Гркот од островот Кими, кој работниот век го минал во Америка како Џорџ, го применувал истиот метод на „стружење на ткивото“ и за рано откривање на рак на белите дробови, бешиката и желудникот. Роден е во 1941., а Папа- тестот до денес остана најсигурен начин за рано откривање на третиот најчест облик на рак кај жените (по дојката и дебелото црево).
3.Ширли Темпл прва рече гласно
Во времето кога „зборот што почнува на Р“ само се шепотеше и пред Бети Форд да се осмели да проговори за (својот) рак на дојката, поранешното чудо од дете Ширли Темпл Блек јавно призна дека во 1972. имала мастектомија (ампутација на дојка).
Нејзината постапка го скина срамното петно од оваа болест. Од тој ден, бројни кампањи со розикава лента ја подигаат свеста и обезбедуваат пари за натамошни истражувања, а жените ја сфаќаат важноста на редовната контрола.
4. Епидуралната е родена
Бидејќи сопругата при раѓање на првото дете за малку ќе умрела од компликации со анестезијата, Д-р Џон Боника во 40-тите година (на минатиот век) ја измисли епидуралната анестезија (безболна свесна состојба во текот на целото породување) и првпат ја испроба на сопствената жена кога го донесувала на свет второто бебе.
5. Таблетата прогласена за безбедна
На деветти мај 1960. американската Управа за храна и лекови (FDA) ја одобри таблетата за контрацепција како сигурен метод за контрола на раѓањето. Половина век подоцна, таблетата и натаму е најпопуларна форма на заштита од несакана бременост.
6. Телото станува тема на денот
Што правите кога треба да сознаете нешто за своето тело? Се информирате, се разбира. Ех, но до 1970. немаше сигурни извори.
Таа година група на жени од Бостон прикрпи брошура, предвесникот на денешните совршени прирачници од типот „направи сам“ и ја зачна идејата дека жените мораат сериозно да се позанимаваат со здравствената самозаштита. Три години подоцна е објавена радикалната книга „Нашето тело, тоа сме ние“ за сите, но баш сите аспекти на женското здравје и сексуалноста. Доживеа 15 изданија и е преведена на 20 јазици.
7. Бети Форд признава дека пие
На зависноста денес се гледа како на излечива иако упорна болест, но кон крајот на 70-тите важеше за карактерна мана.
Јавното признание на американската прва дама Бети Форд дека е роб на алкохолот и таблетите, непосредно по одлуката на семејството да ја испратат на рехабилитација, се смета за револуционерен чекор. Подоцна таа го основа прочуениот „Центар Бети Форд“ во кој десетици илјади жени се одвикнувале (и се уште се одвикнуваат) од дрога, лекови и алкохол.
8. Деми Мур, трудна и- гола
Во денешно време речиси секоја жена сака да покаже дека убаво изгледа и во „благосостојба“, но мошне бремената Деми Мур го шокира светот пред 20 години кога на насловната страница на „Венифи фер“ се појави како од мајка родена.
„Или сте секси или сте мајка. Јас не сакав да избирам, па го прифатив предизвикот и покажав дека може и едното и другото“, објасни глумицата.
9. Колоноскопија пред ТВ камера
Јасно е дека ракот на дебелото црево ги напаѓа и мажите, но досега не сте виделе ниеден како на телевизија во живо се подложува на колоноскопија.
Тоа во 2000. храбро го направи славната ТВ водителка и уредничка на дневникот Кети Курик, сакајќи луѓето да ги опомене и предупреди, бидејќи непосредно пред тоа нејзиниот сакан сопруг ја изгубил битката со ракот на дебелото црево. Веќе утредента бројот на овие прегледи порасна за 20%! Никој нема влијание како голема ѕвезда!
10. Искреноста на Сара Џесика
Жените се во шок кога гледаат како филмските диви по породувањето брзо се враќаат во форма (и во најтесни фармерки!). Им олесна кога Сара Џесика раскажа што правела за само шест месеци по породувањето стомакот пак да и биде рамен како штица.
„Имав куќен јоги- инструктор кој доаѓаше секој ден. Имав и одгледувачка за бебето за да можам долго и напорно да вежбам во теретана; за личната нутриционистка да не зборувам. Не им е лесно на обичните жени, но не ни е лесно ни нам...“