Прашањето за Македонците и Берлинскиот конгрес

Печати

Берлински конгресПотсетуваме на еден мошне значаен настан за судбината на Македонија и на Македонците- Берлинскиот конгрес. Тој се одржал по завршувањето на Руско- турската војна (1877-1878), од 13. јуни до 13. јули 1878. година, а на него се расправало за новонастанатите услови на Балканот. Учествувале државни претставници на тогашните европски големи сили и Отоманската империја. Конгресот завршил со потпишување на тн. Берлински договор, со кој била извршена ревизија на прелиминарниот Санстефански договор.

Најголемо разочарување од одлуките на Берлинскиот конгрес доживеала грчката делегација, чие присуство со судни маки го „протуркале" претставниците на Велика Британија и (особено) Франција. Нужно е да се потенцира дека за грчките барања за територијални проширувања Велика Британија не покажувала голем интерес (веќе го потпишала тајниот договор со Турција, со кој и се отстапувал Кипар во замена за нејзината поддршка на османлиските барања на Берлинскиот конгрес; Англија имала и посебни интереси кон островот Крит), а француската поддршка, пред сé од аспект на антисловенството, не била доволна.

Како што потенцираат историчарите, единствено прифатливо за Грција било тоа што Македонија останала во рамките на Османлиското царство. Царството станувало сé послабо, па во иднина таа би можела да биде присоединета кон Грција, а што би било невозможно доколку останел во сила Санстефанскиот мировен договор.

Берлинскиот конгрес му посветил посебно внимание на прашањето за народноста на Македонците.

На сајтот „Македониум" (http://www.macedonium.org/) во посебен неавторизиран прилог, под наслов „Прашањето на Македонците и Берлинскиот конгрес", се ообјавени делови од мошне важни турски дипломатски документи (Hof - und Slaatsarchiv Wien, "Politishes archiv XXXIII Turkei")
Documents diplomatique, t. III 431 14. 06. 1878.).

Текстот го пренесуваме во целина:

На прашањето за народноста на Македонците, Берлинскиот конгрес му даде особено внимание. Tоа неочекувано стана прашање од првостепена и општа важност, не само од политички, туку и од научен аспект.

На тоа прашање се сруши и Санстефанската фикција создадена од царска Русија заради своите интереси на Балканот, каде Македонија е 'златна резерва' во политичките руски комбинации во политиката со Србија и Бугарија.

Со Берлинскиот конгрес за прв пат се истакнува македонската посебност


1. Руски признанија за македонската посебност а прекривана од политички причини на Русија.

1.1. Рускиот гроф Шувалов, во писмото испратено до својата влада по Берлинскиот конгрес меѓу останатото вели:

Македонското прашање на Берлинскиот конгрес остана нерешено поради повеќе причини. Меѓутоа тоа може да ни послужи за постигнување на одредени цели. После повлекувањето на руската војска од Бугарија, лесно може да дојде до промена на бугарската приврзаност кон нас, особено поради тоа што веќе се јавува ваква тенденција. Ако Кнежевството Бугарија остане до крај со нас, тогаш може да се работи на припојување на Македонија кон него. Меѓутоа постои и друга алтернатива - Македонија да се припои кон Србија, доколку Србија ја напушти својата про-австриска политика. Македонија треба да ни послужи како 'златна резерва' за нашите политички комбинации во врска со нашата источна политика."
(Документи од тајните архиви на руската влада, Софија 1893, 11-13.)

2. Британски, Австриски и француски факти за етничката посебност на македонскиот народ пред Берлинскиот конгрес.

Министрите за надворешни работи на Англија, Австрија и Франција реагираа непосредно по заклучувањето на Санстефанскиот договор помеѓу царска Русија и Турција.

2.1. Лордот Солзбери Британски министер за надворешни работи, во инструкциите кон својот амбасадор во Цариград датирани со 18. Април 1878 год., во врска со ова напишал:

Вака зацртаното бугарско кнежевство во Санстефанскиот мировен договор, не смее да остане во такви широки граници и да држи територии кои етнички не му припаѓаат".

2.2. Австрискиот министер за надворешни работи, во инструкциите кон својот амбасадор од 17. Мај 1878 год. пишува:

Дајте му на знаење на Недилов, рускиот амбасадор во Цариград, дека нашата влада никако нема да толерира едно широко бугарско кнежевство. Во Санстефанскиот прелиминарен договор воопшто не е запазен етничкиот принцип. Нам ни е познато по статистичките податоци со кои располагаме, дека Бугарите и Србите ја населуваат земјата од Црно до Јадранско море. Србите се протегаат на запад и на левиот брег на реките Дунав и Сава., додека Бугарите се протегаат од Дунав до Стара планина. Територијата на Македонија е населена со разнородно население. Меѓутоа познато е дека во тамошното население се јавува една силна струја, која настојува да тргне по сопствениот пат. Нашите најнови интереси ни наложуваат да продреме во Македонија и да излеземе на Егејско море, користејќи ја наклонетоста на населението во Македонија".

2.3. Во телеграмата на Францускиот министер за надворешни работи кон својот амбасадор во Цариград стои:

Ние и понатаму стоиме на гледиштето дека освен бугарскиот, постојат и други народи на Балканскиот полуостров, кои во догледно време треба да бидат ослободени. Населението во Македонија во ваква ситуација лесно може да се приврзе кон Франција, со што ќе пораснат нашите позиции во овој дел на светот. Нашата влада остро се противи на Санстефанскиот прелиминарен договор..".