На сајтот Македониум (http://www.macedonium.org) во август 2009-та година (15.08.) е објавен текст под горниот наслов, потпишан со иницијалите Д.Т, во кој се пренесуваат акценти од два нашиса во најтиражниот чешки магазин „Lifestyles". Текстот го пренесуваме во целост.
Има безброј причини зошто да го посетите овој мал народ со големо срце. Со само неколку дена може да се докаже она што многумина го сфаќаат: Македонија живее во поинаков ритам кој ве обзема и од кој тешко може да се ослободите.
- Дека Македонија е млада и независна земја е факт којшто не може да се порекне. Истовремено, претставува неоспорен факт и дека Македонија има неверојатно богата историја на културата... Има безброј причини зошто да го посетите овој мал народ со големо срце. Со само неколку дена може да се докаже она што многумина го сфаќаат: Македонија живее во поинаков ритам кој ве обзема и од кој тешко може да се ослободите...Ова е само мал дел од двата написа кои неодамна осамнаа во најтиражниот чешки магазин "Lifestyles". Во написите посветени на историјата и културата на Република Македонија и манифестацијата „Денови на македонска култура", која во мај се одржа во Прага, Чешка, авторите Карин Лаукова, како и Витек Јирава и Тинуола Авопету, пред чешката и светската јавност во најдобро светло ја претставија македонската држава, особено нејзините културни и природни богатстава.
- Македонија. Точка на мапа, северно од Грција, а во минатото дел од поранешна Југославија. Земја од сите страни опколена со копно, богата со планински врвови и долини, длабоки котлини, езера и реки. Нејзиното најголемо богатство: пријатниот, гостопримливиот и понекогаш чудесно импулсивниот народ. До неодамна, постарите балкански браќа и сестри на Македонија беа во центарот на вниманието, но сега овој воинствен народ е подготвен да ја заземе централната сцена...Во написот на чешките новинари Јирава и Авопету, "Македонија-малата земја која прави големи нешта" опфатено е и дел од историјата и убавините на нашата метропола, традицијата, обичаите, дури и традиционалната македонска кујна, угостителските објекти , можност за туризам и се она што ќе го привлече посетителот. Интересно е што тие го потенцираа дури и она што ниту во нашите публикации не можеме да го сретнеме, па во еден дел ќе напишат ...За енергичните туристи и туристите што бараат предизвици, вртоглавите планински венци и сините езера на Македонија нудат мноштво активности: пешачење, параглајдинг, скијање, планински велосипедизам, искачување по карпи, кајакарење, и многу други... Во едниот дел од написот тие ја потенцираат дури и заложбата на Македонија да ја поттикне својата економија преку промовирање на туризмот и со спроведување на економски реформи, споменувајќи ги рамните даночни стапки, со цел привлекување на странски инвестиции...
За вековната културна традиција на Македонија пак, стои... "Оваа традиција продолжува да постои и денес преку современите уметници и режисери. Деновите на македонската култура и го претставија на чешката публика изборот на најдоброто од македонската уметност. Изборот од македонската култура наиде на огромен успех. Ова не претставува изненадување бидејќи истите Денови на македонската култура претходно наишле на слични реакции во текот на нивното реализирање минатата есен во Њујорк, Вашингтон и Чикаго.