Мудроста на доказ

Спознание-сознание

Печати

Abstract artНавременото сознание никогаш не е поразително, туку напротив, секогаш е поттикнувачко за напред. Поразително е задоцнетото, зашто не ни користи или затоа што веќе не искористиле.

Секое спознание е богатство на духот, втемелување на самостојноста и самосвојноста, а најмногу доказ на личниот непрегор.

Повеќе...
 

Љубовта

Печати

LoveСе речено за љубовта останува недоречено дури трае, дури го продолжува животот. Во неа се чекори со бавен или брз чекор кон една, а не многу цели. Таа цел се вика соединување, се вика единство, се вика сушност на постоењето, се вика создавање и дело.

Од многумина умни и големи луѓе многу речено за љубовта:

Повеќе...
 

Гревот

Печати

Istocni grehВо секого многу гревови за простување, ако има кој да ги прости до проштевањето од Бога. Најмалку за простување, најчесто за непростување гревови спрема други. Непростени гревови како планини со немерливи тежини.

Што рекле мудри и создателни луѓе за гревот:

Повеќе...
 

Генијалноста

Печати

Abstract artДали сум јас гениј? Да! А ти? Можеби! А овој, оној? И тие можеби!

Ама јас сум поголем и од тебе и од нив? Не зашто се сите исто големи? Не! Тоа времето ќе го каже според делата што ги оставаме.

А што е тоа гениј? Човек со извонредно голема интелигенција? Не ќе е, зашто познаваме во минатото и денес многу такви, ама не ги сметаме за гении. Зошто? Затоа што не познаваме нивни дела признати од сите. Но што е со непознатите гении токму поради непризнателноста? 

Ај да останеме на ова: генијот му дава на човештвото нешто што тоа не би го имало ако него го немало. Ама и на ова: тоа што го дава или го оставил тој е единствено, оригинално, неповторливо и недостижно. Да, и кој знае за себе дека е гениј. Како јас!

Ама и на се ова што следи од мудри и познати, големи и мали луѓе (помеѓу нив и гении):

Повеќе...
 

Страница 1 од 20

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>