Јапонскиот јазик (на јапонски нихонго) е службен јазик во Јапонија, а се говори во делови на Кина и Кореја кои долго биле под јапонска власт, како и во подрачја каде што живеат многу јапонски емигранти (САД, Бразил). Го зборуваат повеќе од 130 милиони луѓе.