МК бизнис

Воздржаност и сомнеж: „Вардарска долина“-можна ли е?

Печати

„Вардарска долина“Потпишувањето на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Македонија, Кинеската меѓународна корпорација за води и електрична енергија и Кинеската банка за развој е дочекано со голема воздржаност, сомнеж, песимизам, а не изостана и очекуваниот цинички опозиционен коментар дека станува збор за „обичен“ предизборен маркетинг (во кој, замислете, се вклучуваат и „некои“ од Кина!).

Освен оценките и коментарите на премиерот Груевски и неколкумина министри во Владата на Македонија, досега се објавени само два- три текста- колумни со „оптимистички тон“, но со јасна „назнака“ дека станува збор за долгорочен и мошне амбициозен проект.

 

Повеќе...
 

ЕДИНСТВЕНА МАРКЕТИНШКА ПОНУДА: САМО ЕДЕН ПОКРОВИТЕЛ- СПОНЗОР И НИЕДЕН ДРУГ!

Печати

ПаноптикумЕдна единствена фирма- компанија која го овозможува- поддржува траењето и секојдневното богатење на најмоќниот и најавторитетниот персонален портал на Интернет: „Паноптикум“ (http://www.panoptikum.com.mk/) сосе двата блога: творечкиот „Библика“ (http://www.biblika.dimitrovski.net/) и новинарскиот „Хрономер- Хроничар“ (http://hronicar.dimitrovski.net/).

Една година, а потоа...може и друга и трета...

А кој стои зад овие три проекти со тековна реализација?
Стои еден дребник со следново
CV
(објавено за преобјавување): 

Повеќе...
 

Економската слобода во Македонија

Печати

LogoФондацијата „Херитиџ“ заедно со „Вол Стрит Џорнал“ секоја година подготвува Индекс за наклонетоста спрема слободниот пазарен капитализам на земјите во светот и Европа. Тој ја покажува и докажува поврзаноста на слободата на економијата со растот и просперитетот на државите, притоа имајќи предвид дека економската слобода претставува предуслов за политичката. Таа се поврзува и со други важни општествени вредности, како што се намалувањето на сиромаштијата, човечкиот развој, политичката слобода и заштитата на средината.

Повеќе...
 

Македонска конкурентност

Печати

Проф. Д-р Ванчо УзуновТаа се повеќе се поставува на преден, прв план. Колку со отворањето на можностите за настап на европскиот и светскиот пазар, исто толку, а можеби и повеќе, со отворањето  на домашниот пазар за странски стоки (многу повеќе од досега). Најважното прашање кое се поставува при секоја расправа за конкурентноста воопшто, за македонската посебно, е квалитетот на производите што се пласираат на пазарот и нивната цена.

Повеќе...
 

Страница 1 од 3

<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>