За брачниот живот слушате- читате се и сешто, во последно време повеќе негативно одошто позитивно. Да, бракот како институција е во криза, поточно во еден динамичен процес на видоизменување- трансформација, со поинаква смисла и значење од порано.
Меѓутоа, постојат некои нешта, што можат да се наречат митови, нешта кои ниту биле во минатото, ниту се точни денес. Тоа доаѓа пред се од идеализацијата на бракот, неговата глорификација, а наспроти „суровата“ реалност.