Да, летото е најсезона за одмор и ре-креација. Кај нас, не баш и во светот. Не поради соодветното време, туку пред се како остаток од не толку далечното минато (не)определено завршено (недовршено?) време. Особено кога се има предвид суштината на, и разликата помеѓу одморот и ре-креацијата.
Чудно е зошто го заборавиле или не го зеле доволно предвид тоа како многу важен, ако не и еден од најважните сегменти на препородот во 100 чекори. Затоа што, меѓу другото, најбрзо, веројатно и најлесно можеме- би можеле да се препородиме токму со радикална промена на односот спрема овие две егзистенцијални активности. Со нивна континуирана експлоатација.