Во последниве неколку години во светскиот џет сет се забележува една појава која, и покрај очигледната „преднина и заднина" содржи „вреден елемент". Го нарекуваат хуманитарен активизам, а се остварува со јавната заложба (неизоставно проследена со фотографии на „засегнатите") за помагање и згрижување на изгладнети деца, заболени од СИДА, бегалци, малтретирани жени.
„Двојната среќа", пак, стана/станува уште еден „додатен имиџ" на богатите и славните. Тоа е уште еден доказ дека она што претставува обично, нормално, стандардно станува особено, посебно кога ќе се поврзе со „џет- сетерското".