НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home КРЕАТИВЕН РАКОПИС Време за приказ
Време за приказ
Знаење, познавање, препознавање Печати Е-пошта

Графика-Го знаеш овој?

-Не, го познавам.

-А го препознаваш оној?

-Ма, нешто ми е познат, ама не ми текнува од каде.

Во дијалогов е суштината на проблемов за моја и ваша промисла. А тој, освен како насловот, може да се постави и вака:

Дали умееме и дали сме подготвени за нови луѓе во кои ќе имаме доверба, кои веруваме дека нема да изневерат?

Повеќе...
 
Промените Печати Е-пошта

Апстрактна уметностСе случуваат во секој миг од животот, на секој чекор од времето. Наеднаш, ненасетно, ненајавено, брзо, неочекувано, или според некој однапред предвиден и утврден ред. Поттикнувани, иницирани, поддржувани.

Некој ги започнува, па ги продолжува заедно со други, некој им се прилагодува за да не заостане зад други, а некој се обидува да ги подзапре, да ги забави, да им го сврти текот во друг правец.

Но никој не може да ги запре, да ги негира, да ги одложи за некое друго време.

Повеќе...
 
Само еден миг Печати Е-пошта

Пријателска љубовДа се говори за љубовта денес се чини е по малку депласирано, однапред назначено како конвенционално, неинвентивно, бесцелно. Во минатото и со нашево денес таа е докрај откриена, докрај разголена, и нема ништо ново што би можело да се каже и докаже за неа. И таа, љубовта, ни стана некако обична, одамна доживеана, како и животот, нашево секојдневје.

Чувството е секогаш ново оти е лично. Во него е изразен сиот егоизам на личноста, сета негова посесивност. Но е тешко да се прекаже со нови зборови оти сите како да се премногу користени и веќе потрошени. Доволно е само да се наредат неколку прекрасни стиха за љубовта и повеќе да нема што да се докажува за неа.

Па сепак: не ли е новата љубов нова токму во немиот збор, во недоречениот допир, во внатрешниот немир, во оној неодгатнат флуид што вознемирува?

Повеќе...
 
Безделници Печати Е-пошта

Апстрактно сликарствоЈас и ден- денес не знам кој ѓавол ме тераше да седнам помеѓу нив и да им го прифатам муабетот. Безделници во едно кафуле и јас помеѓу нив.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>

Страница 1 од 6
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top