| Парабола,парадигма,парадокс |
|
|
|
Во геометријата, пак, таа е крива линија од втор степен, купин пресек чија секоја точка е подеднакво оддалечена од дадената точка- фокусот, и дадената права- директрисата. Да параболизираш значи да зборуваш во споредувања, во преносна смисла. Параболичен е искажан во форма на поучна приказна во споредби. Во оптиката постои параболично огледало: издлабено огледало кое има површина на параболоид. Се употребува во рефлекторите. Параболоидот е геометриско тело кое настанува со вртење на парабола околу својата оска. А знаете ли за параболоните? Тоа се католички свештеници кои и се посветиле на нега на болните. Парадигма значи пример за углед, пример, примерок, образец. Во граматиката тоа е збор кој служи како образец за менување на сите останати зборови од иста промена. Парадигматичен значи примерен, кој може да послужи како образец; кој поучува со пример. Парадигма се нарекува и моделот за ликовните уметници. Да парагматизираш значи да изнесуваш примери за углед, да поучуваш, да објаснуваш на примери. Парадигматик е писател на животописи на свети и богуугодни луѓе, оние кои со својот живот и работа можат на другите да им послужат за углед. Парадигматика, пак, е вештина на правење на фигури од гипс, вајање во гипс. Парадоксот во најопшто значење е мислење спротивно на општото. Најчесто го користиме за да означиме, посочиме на привидна бесмислица, особеност, настраност, необична и чудна мисла или нешто. Во реториката парадоксот е подвид на антитезата: реченица чии два дела на прв поглед се сосема спротивни, а сепак стојат една покрај друга. На пример: Не се плашам, но ми е страв. Парадоксален или парадоксен е спротивен на општото мислење или сфаќање, очекување; привидно бесмислен, специфичен, необичен, настран, чуден. Парадоксија е особеност во начинот на мислење и сфаќање, настраност, неочекувано, привидна бесмисленост или противречност, неверојатност. Значи и љубов спрема она што е настрано. Парадоксологија е говорење или пишување во необични реченици или изрази. А парадоксоманија е претерана наклонетост кон настрано мислење и учење.
|







Во поетиката, параболата е поучна приказна во споредби, односно приказна во која се што се раскажува треба да се зема во преносно значење. На пример, Христовите приказни за сејачот и семето, за блудниот син, за лозарите и други.













