|
Хроно- |
|
|
|
Хроно- предмет во сложеници со значење време;
Хроника- две значења: летопис, историја (на светот, на некоја земја, на народ и неговите првенци, на некое семејство или некое место) пишувана точно според години; таа е и дел или рубрика во весници за дневни настани, дневни вести и сл.;
Хроникален- во форма на хроника; земен од хроника, на пример податок;
Хроничен (временски)- повремен, долготраен; хронични болести- долготрајни болести и болести што се јавуваат одвреме- навреме, повремени;
|
|
Повеќе...
|
|
Од министер до министрација |
|
|
|
Министер- доаѓа од латинскиот збор minister, што значи „слуга“.
„Стандардно“ објаснение: се работи за највисок државен службеник кој, стоејќи непосредно под главатарот на државата, управува со една гранка на државната управа и кој му е одговорен само на главатарот на државата, а во уставните држави и на народното претставништво.
|
|
Повеќе...
|
|
Од континирање до континуум |
|
|
|
Зборови и изрази кои полека, но сигурно или се одомаќиле или се во „процес“ на одомаќување во македонскиот јазик и правоговор. Со право или не, тоа е пред се прашање на лична определба, дури вкус. Но е недвојбено дека, како и секои други, многу повеќе го збогатуваат јазикот одошто го интернационализираат (процес кој ниеден јазик досега не загрозил):
|
|
Повеќе...
|
|
Парабола,парадигма,парадокс |
|
|
|
Во поетиката, параболата е поучна приказна во споредби, односно приказна во која се што се раскажува треба да се зема во преносно значење. На пример, Христовите приказни за сејачот и семето, за блудниот син, за лозарите и други.
Во геометријата, пак, таа е крива линија од втор степен, купин пресек чија секоја точка е подеднакво оддалечена од дадената точка- фокусот, и дадената права- директрисата.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 5 |