| За времето какво ќе биди |
|
|
|
Мнозина старци (најпоеќе овчари) и старички знаат за времето какво ќе биди, кое од имањето, кое од дрвјата и од други многу работи. Има и по некои стари што да знаат целата година каква ќе бидит, дали плодородна дали скудна и дали зима ќе има лоша, дали не ќе има. Тоа нешто го знаат од големото или силното паметуање нивно. Такви старци прикажуаат оти на осумнаесетте години идела истата година што е годинава; истата година ќе било и другата година на осумнаесеттата година. Од некој сум се учил: на дваесет и осум години идела истата година. Која година сакаш, таа поверуј, сеедно е.-Ако да бев знаел писмо, господин Аце- му казал еден стар овчар на еден мој пријател- за да пишуав секи ден времето, ќе можев да ти кажев за секи ден како ќе биди времето во целата година и за целите осумнаесет години со ред.
Тој овчар забележал оти секи ден какво е времето на овој месец, така бидуало и на осумнаесетте години во истио месец, таквоо ќе било. Сакал старецо да натера некое младо момче да го пишуа времето ката еден ден за цели осумнаесет години, и ќе сме си имале едно огледало (календар) за да знаиме секоја година каква ќе биди со студ и друго нешто.
Тој стар овчар од Мориоо ет и коприоска глаа носит. Тој приказуал оти земјата се вртела, а не сонцето да одело, како што веруаат учените. Од многуто години што живеал по планиње и гледајќим по небото и ѕвездите, тој мислел оти земјата се вртела. Еве како дошол зборо за да кажи овчарот тоа нешто на пријателот мој:
Во еден петочен ден дотерал кози да продаа и, откоа и продал, ошол на дуќан за да си купи нешто. Седејќим овчарот во дуќанот, чул кај зборуале Аце и еден учител за земјата оти се вртела, и друго. На тој разгоор се примешал старио и сите овие и друзи работи му и кажал, и коа чуле, на чудо станале од чуднио силен ум на еден овчар Мориоец што сетил многу небесни и земни тајни работи.
Имат селани у нас бескнижни, амапоеќе знаат од попот што му попуат в село. Тие знаат на ум во целата година главните празници, кој во кој ден ќе падни, за секоја година колку пости Петрои имат и за друзи многу работи можат да ги кажат како на книга.
Таквие старци и старички многу имаат час од друзите, и секој му заблазуат на умот што го имаат.
|







Мнозина старци (најпоеќе овчари) и старички знаат за времето какво ќе биди, кое од имањето, кое од дрвјата и од други многу работи. Има и по некои стари што да знаат целата година каква ќе бидит, дали плодородна дали скудна и дали зима ќе има лоша, дали не ќе има. Тоа нешто го знаат од големото или силното паметуање нивно. Такви старци прикажуаат оти на осумнаесетте години идела истата година што е годинава; истата година ќе било и другата година на осумнаесеттата година. Од некој сум се учил: на дваесет и осум години идела истата година. Која година сакаш, таа поверуј, сеедно е.










