| Кога ќе умирал чоек, ангелот му се јавуал откај глаата, а смртта откај нозете |
|
|
|
(На праведнио му се јавуал ангело и смртта многу весели, а на грешнио-многу смуртени и страшни.)Ете од тој страв си покриваат лицето некој болни луѓе, и се плашат кога да го виделе ангелот и смртта смуртени.
Ангелон бил со ножо в раце, и со терезија, а смртта со една торба алати, како од некој мајстор, турли-турли алати имала: тесла, тесличе, пиличка, пила, секира, глето, копан и други многу.
Сопрво ќе го ватела смртта болниот од прсти за да го разглобуа, со некој од алатите, зглоб по зглоб, и од прстите наугоре сите зглобои откоа ќе ги разглоби, ќе почнела жилите да му 'и сечит, и откоа ќе го сврши од прсти до гуша, најпосле ќе мавнела со секирата по врат и ќе му ја земи душата и прао кај Бога ќе му ја однесит за да му се поклонит и после ќе ја шетат ангелот душата докрај небо и докрај земја за да видит сите убаиње. Ќе ја носит и по сите места кај што отишол чоекот дури бил жив и ќе му покажал ангелот се што добро и лошо напраил.
На четириесетте дни ќе го однесел кај гробот и ќе му покажел мршата негоа кај што седела. Коа ќе ја видела душата мршата, страв ќе ја ватело, од што лоша ќе му се видела и дури ќе се потресела.
Тамам на четириесетте дни пак ангелот ќе 'а однесол душата кај Бога, и тогај веќе Господ ќе заповедат на ангелот за да ја клаит душата или во рај, или вечна.
Ете затоа било арно до четириесетте дни на умренио да му се пеит литургија и да му се дава задужбина, и можело со тие добриње да се одмоли од Бога за да се прости и да не го клаи во вечна, ами во рај, чунки до четириесетте дни душата си е непресудена.
|







(На праведнио му се јавуал ангело и смртта многу весели, а на грешнио-многу смуртени и страшни.)













