| Толкување на соништа: Крастајци зелени да јади чоек на сон, ќе го страмат и ќе се оскорбит |
|
|
|
Од дома прао ти ошол на каве, при се што било делник и требало да оди на дуќан, арно туку нали сакало соно да се изврши. Седнуајќи на каве, се заватил со некој пријател да игра со папазин по едно каве, кој ќе падни, да го плати. Изиграле еден ојн, два, три и не можел да остаит од таа пуста играчка, што му се мочало да појди да се моча. Зорт го терало за мочање, арно ама и зорт го терало за да се доигра и контраиграчката за кој да плати кавињата. При се што зорт имал од играчката, остаил книгите на плас, отрчал до некој куп камења до еден дуќан да се мочат. Едно го видел џандаро оти се моча тамо Илија, ти го забрал на участак и коа го судил пристаот, коа го страмил, коа го прскал, коа го плукал, санким кој знај што голем кабает беше сторил. Моли се сиромаијо Љовезо, коли се на пристаот, да не го клаит апсаана, да ако го карал и му зборуал најлоши зборои. Еле беше се смилил пристао и го испуштил, та прао на дуќан си дојде и соно мене ми го кажа.
(Запишал Марко Цепенков) |







На 25 априлија Илија Љовезо терзијата сонуал еден сон: како да јадел зелени крастајци, и едно се разбудил, се шубелејса од соно што го виде и баеги шубе зеде













