НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home MODUS VIVENDI Урбанус
Urbanus
Здрав дом за добро здравје* Печати Е-пошта

 

Позитивна енергија во домотКако и за се друго, и за добро уредување на ентериерот односно внатрешноста на станот- куќата е потребно познавање, знаење, па и поголема стручност. А што подразбира смисла за хармонија на просторот и предметите во него и околу него, како и изграден критериум за естетика- вредност. Во тој контекст според многумина најважна е енергетиката на просторот.
 
Постојат и специјалисти за т.н. енергетско уредување, помеѓу најбараните во нашево хаотично, во голема мера квазиурбано живеење, со многу негативна енергија околу нас. Она што тие го советуваат- препорачуваат е дека е нужно, со распоредот на елементите со кои го опремуваме нашиот работен и животен простор, да и дадеме слобода односно живот на енергијата, на нејзиното движење- кружење.
Повеќе...
 
Урбаниот систем на Германија Печати Е-пошта

Урбан систем на ГерманијаШто е урбан систем?

Постојат бројни дефиниции, но една е „најопшто" прифатена: збир на градови меѓусебно поврзани со интеракции. Неговиот развој е најнепосредно поврзан токму со германската држава, и тоа уште од 19. век. Дури, може да се рече дека темелите на денешните полицентрични структури на урбаниот систем се поставени во времето на политичката уситнетост на германската државна територија.

Имено, во тоа време Германија била поделена на бројни феудални држави, па немало никаква можност за создавање на силна национална метропола, како што се Париз во Франција или Лондон во Велика Британија. Со обединувањето на тие држави, пак, што се случило во 1871. година, започнува развојот на националниот урбан систем.

Повеќе...
 
Научно за просторот Печати Е-пошта

Наука за просторотТој не е предмет само на една наука, а особено не кога се третира како севкупност, сеопфатност, интегралност. Се анализира(л) филозофски, но и социолошки, културолошки, уметнички, па и политички. Во најново време се смета дека веќе е формирана или е во процес на дооформување посебна наука која го проучува просторот во кој живее и опстојува човекот (посебен дел- просторна антропологија), а пред се од аспект на универзалните човечки потреби (човекот и просторот, човекот и амбиентот- архитектурата- градот...).

Познато, одамна потврдено сознание: човекот и просторот се неделиви. При концепирањето на просторот (класификација и типологизација) неодминливи се филозофските сфаќања како „хомогена и рамномерно распространета супстанца", како „категорија на умот", како „субјективна форма и услов на сетилната перцепција", како „една од основните форми на изразување на материјата".

Повеќе...
 
Самоодбрана против стресот Печати Е-пошта

Против стресПостојат многу совети како да си обезбедите мирен, спокоен живот, односно вашето урбано живеење да биде хармонично, па и долговечно. Оние чија цел е токму „нормалниот дијалог" помеѓу себе си и средината и околината во интимните, работните и секакви други односи, што ги воспоставуваме и/или ги негуваме секојдневно, не чекаат совети од други, туку воспоставиле самоодбранбен „систем" кој постојано го доградуваат и надградуваат.

Па сепак, постојат „општи" и „специјални" (стручни) начини, методи, постапки кои е добро да се научат доколку не се знаат, да се запомнат и да се практикуваат.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>

Страница 5 од 6
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top