|
Стручно за употребата на гипсот во ентериерот |
|
|
|
Познато е дека гипсот е еколошки беспрекорен материјал, воопшто не е штетен за човекот. Меѓу другото, затоа што во услови на зголемена влажност на воздухот тој ја впива влагата, а кога релативната влажност опаѓа, тој ја ослободува акумулираната влага. Натаму, мошне позитивна и погодна карактеристика на гипсот е неговата исклучителна постојаност на високи темпеатури. Имено, гиспот содржи висок процент на вода, кој кај гипс-картонските плочи со дебелина од 15 милиметри изнесува неколку литри на квадратен метар. Во случај на пожар водата дејствува самозгасливо. Поради тоа овој материјал се смета за огноотпорен и се користи како противпожарна заштита на елементите кои не се отпорни, како конструкциите од дрво и челик. Површината на гипсот е топла и пријатна на допир.
|
|
Повеќе...
|
|
За урбаниот велосипедизам |
|
|
|
Велосипедот се смета за еден од најдобрите и најкорисни изуми во човековата историја. Освен што има многу примени во спортот и рекреацијата, тој во секојдневниот урбан сообраќај е рамноправно и поради многу причини мошне привлечно превозно средство.
Во големите светски метрополи е се почеста сликата на огромен број на луѓе качени на велосипеди, кои секојдневно возат на релации поврзани со работата (дома- работно место и назад, но и до договорени места за средби и состаноци). Интересно, во Германија, освен меѓуградски патишта за автомобили, се нудат и меѓуградски патишта само за велосипеди. Но, како и секоја друга светска урбана слика, и таа има своја опачина. За многумина е несфатливо односно неприфатливо во Кина, во која до неодамна доминатно се користеше велосипедот како превозно средство, тој да биде потиснат, дури и „прегазен“ од автомобилот.
|
|
Повеќе...
|
|
Боите во куќниот амбиент |
|
|
|
Боите во станот можат да бидат показатели на тоа дали сте вие некој кого го интересира само практичната или, пак, и естетската функција на предметите.
Исто како кога, со задача да купите сијалица, би се нашле во продавница и би рекле: „Ма, важно е само ние да обезбедиме светлина“.
А можете да знаете и каков модел навистина ве интересира! Можете да знаете кои бои се во палетата на вашата личност!
|
|
Повеќе...
|
|
Состојби на и траги од урбаниот- модерниот живот |
|
|
|
Податоци од 2007-ма година кои во меѓувреме многу не се променети, па мошне валидно ја илустрираат:
-незавидната состојба на урбаната живеачка;
-проблемот на абортусите и загрозата на жените од нив;
-самоубиствата;
-пушењето на цигари; и за
-„строгиот изглед“ на полицајците.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 6 |