НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home VOX POPULI Ука и поука Грдата цареа ќерка со големио чивлик
Грдата цареа ќерка со големио чивлик Печати Е-пошта

 

Житно полеСи имал еден цар две ќерки: постарата грда, а помалата лична. Катаден му иделе стројници за да му ја сакаат помалата, арно ама царот не ја вршил помалата, чунки неќел да му крши ихтабарот на големата. Откоа виде царот оти не можи постарата да ја свршит, изваде еден збор:
 
-Кој ќе ја сакат постарата ми ќерка, макар и најсиромав нека биди, ќе му ја даам со најголем чивлик!
 
Чу едно дете сиромавче и појде кај царот, та му ја зеде постарата му ќерка со најголемио чивлик.
 
Детево, што се стори царев зет, многу се валело пред цареа ќерка (жената си) оти тој бил сиромав, ама к'сметлија, затоа ја зел неа. Така се валел и по светот оти бил многу к'сметлија, му работел к'сметот, да затоа ја зел цареа ќерка на чивлико, та ошле в поле за да ји гледаат аргатите кај што ќе жнијат нивјето. Седнале под една сенка убаа и паднале на лаф со ортакчиите.
 
-Блазе си ти, момче, на к'сметот твој што си го имал, за да земиш цареа ќерка со олку стока!- му рекле.
 
-Само се знаи, бре браќа- му велело момчето- оти ми е блазе- кога ми работи к'сметот.
 
-Ами зар од невестата не је работит к'сметот, бре момче, само твојот работи зер, као велиш ти?- му повториле ортакчиите.
 
-Бре, не веруам јас да је к'сметлија невестата ми, чунки лани ваква седба немаа нивјено, дури не бев ја зел јас цареа ќерка. Да од тоа треба да веруате оти к'сметот мој ми работи, што оваа година бериќетот јет машала како некое море; ја машала да не му јет од очи!
 
Уште не дорекло „да не му јет од очи“ царев зет и туку беше се вивнала да гори пченицата од пред нив, со еден пламен многу силен. Рипнале сите просто и се пуштиле да гасат со земја и грутки, арно ама колку гаселе, тоа уште поеќе се ширело.
 
-Бре! Аманте, бре браќа, кажујте некое чаре- рекло момчето на ортакчиите, што да се праит, што беше овој лош саат што ја донесов и невестата ми, тики ошто не и работи к'сметот овој таксир ќе ме ватит!
 
-Море, ја речи е, бре момче, на невестата ти нека дојди и таа да го гасит, оти белки незиниот к'смет ет што работит во чивлиго- му рекле ортакчиите.
 
-Арно, џан'м, нека дојди- му рекло момчето.- Ела, мори невесто, ела да гасиш и ти, да видиме белким твојио к'смет ќе работит.
 
Отрчала цареа ќерка и едно стапила со нога на огнот, како со вода да беше го потурила, веднаш беше се угасил.
 
-Е, момче- му рекле ортакчиите- дали виде оти к'сметот од невестата ти работел, а не твојио, како што се велеше ти.
 
-Вистина, пријатели,- му рекло момчето- од невестата ми работел к'сметот, а не мојиот. Вистина, зедов грда невеста, ама барем јет к'сметлија- рекло момчето и уште еднаш не се повалило пред никого.
 
ихтабар, ихтибар- чест, почитување
 

 

 
Банер

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

  Top