| Пријател биди му, ама в ќесе не посегај му* |
|
|
|
-А, бре синко- му велел татко му,- овие пријатели не ти се верни, овие ти се чаша доста, ти држ' мојте пријатели. За да поверуаш оти мојте пријатели се повредни од твојте, земи едно јагне печено ји клај го во една вреќа, та крени го вечер на рамо ји појди кај првио твој пријател и викни го на порта, та речи му ѓоа чоек си отепал, помоли го да го скриет у него, ако го стори кабул, верен ти је, ако не, не ти је верен. Откоа ќе ји обидиш сите пријатели, после појди кај мојте пријатели и нив обиди 'и. На тој насиет момчето кандиса и крена едно печено јагне во вреќа, та му појде кај највернио пријател и му клукна на порта. Излегол пријатело да види кој је и коа разбра за чоекот отепан, даде вик по вернио пријател да бега. -Бегај, бегај оттука, ти неќум ни пријателството ни па тебе те сакам отсеа за пријател. Ти тепаш луѓе, па јас да ти ји кријам. Дури је брго, истај се од мојава порта, да не викнам и да дојди кулуко. При се што му се моли многу момчето со затресен глас ѓоа као да плачи, не би кабул да го прибери. Така му напраија и сите пријатели, и тогај се увери на збороите од татка си оти негоите пријатели биле чаша доста. Со прво одење при еден од пријателите од татка му, и му клукна на порта. Едно му отвори и разбра оти чоек отепан носел во вреќата, веднаш го прибрал и зел, та ископал калдрмата во дворо, та го закопал чоеко сосе вреќа (јагнето) и голем кураж му давал, ич да не се бои и дури и ако се разбери, тој колку пари ќе требаат, тој рушвет ќе даи и нема да ји остаји да тргаат мака од судо. Коа виде и чу верноста од на татка си пријатело, на големо чудо станал и од тој ден веќе се арнисал од својте лажливи пријатели и се вати најверен пријател од таткоите си пријатели и бараше таквие да вати за себе. |







Едно момче имало многу пријатели, арно ама сите биле чаша доста.













