| Од трњето волна ќе збира, да борч да плаќа |
|
|
|
-Оти не си плаќаш борџот, бре пријателе?- му рекол богатио како на лутина.- Еве толкуа време кај те чекам, оти не се застрамуаш барем од малку малку да даваш и да се платиме. -Ќе потраиш, чорбаџи, уште некој месец- рекол- дури да изврват ќаите со овците за на виљает, да ќе остаат овците волна по трњето, и јас ќе си соберам, та ќе ја продаам и ќе ми ти платам и натплатам; а не сега да ти даам малку, утре поеќе и до најпосле сите. Тој еѓупштилак, чорбаџи, не го праам, ја сите веднаш, ја ти биди ми жив и здрав! Кога чу чорбаџијата тој збор од сиромаио, брбна да се смеи и да му вели, смеејќи се кр, кр, кр, кр: -Еее, пријателе, трај коњу до зелена трева! Ти ми велиш да собериш волна од трње и да ми платиш. -Еее, се смеиш, чорбаџи- му рекол сиромаио- оти ти идит арно, чунки се увери оти ќе си земиш парите. Коа чул тој збор чорбаџијата, уште посилно се изнасмеал и го испуштил. |







Једен сиромав чоек му имал за давање троа пари на једен богат. Многу пати му и сакал парите богатио на сиромаио, арно ама сиромаио немал да му и плати. Со денеска, со утре- се поминало баеги време. Врвејќи едно утро сиромаио пред богатио, го видел и го викнал да му и сака парите.













