|
За нашево време и за утрешот |
|
|
|
Две куси македонски приказни за ука и поука, за паметење. Може и за думање- колку се за во нашево време, а колку за нашиот утреш. Едната е за зарекот, а другата за една инатчијка жена.
|
|
Повеќе...
|
|
Пријател биди му, ама в ќесе не посегај му* |
|
|
|
Едно момче имало многу пријатели, арно ама сите биле чаша доста.
-А, бре синко- му велел татко му,- овие пријатели не ти се верни, овие ти се чаша доста, ти држ' мојте пријатели. За да поверуаш оти мојте пријатели се повредни од твојте, земи едно јагне печено ји клај го во една вреќа, та крени го вечер на рамо ји појди кај првио твој пријател и викни го на порта, та речи му ѓоа чоек си отепал, помоли го да го скриет у него, ако го стори кабул, верен ти је, ако не, не ти је верен. Откоа ќе ји обидиш сите пријатели, после појди кај мојте пријатели и нив обиди 'и.
На тој насиет момчето кандиса и крена едно печено јагне во вреќа, та му појде кај највернио пријател и му клукна на порта. Излегол пријатело да види кој је и коа разбра за чоекот отепан, даде вик по вернио пријател да бега.
|
|
Повеќе...
|
|
Од трњето волна ќе збира, да борч да плаќа |
|
|
|
Једен сиромав чоек му имал за давање троа пари на једен богат. Многу пати му и сакал парите богатио на сиромаио, арно ама сиромаио немал да му и плати. Со денеска, со утре- се поминало баеги време. Врвејќи едно утро сиромаио пред богатио, го видел и го викнал да му и сака парите.
|
|
Повеќе...
|
|
Правина и кривина |
|
|
|
Си имало во еден царски град двајца побратими. Двајцата побратими беа намислиле да одаат на туѓина за да печалат пари.
Еден ден му велит едниот на другиот:
-А бре, побратиме, ајде и ние да излезиме од градов надвор, белки ќе спечалиме нешто и ќе станиме богати, како што станале мнозина.
Другиот му велит:
-Одам, ама немам толку пари да ватам некоја работа. Имам, ама малку.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 4 |