НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
За Ubuntu Печати Е-пошта

UbuntuОсновни информации:

Ubuntu е во целост оперативен систем од отворен код, изграден околу Linux kernel.

Тоа е заедница создадена околу принципи кои градат специфична Ubuntu филозофија: целиот софтвер би требало да биде бесплатен, луѓето би требало да го користат на својот јазик и покрај какви било недостатоци, и тие исти луѓе би требало да имаат слобода да го приспособуваат и да го менуваат својот софтвер како што сакаат. 

Поради наведените причини Ubuntu секогаш ќе биде бесплатен и не постои посебна цена за „enterprise“ издание. 

Ubuntu се издава редовно и предвидливо; новото издание излегува на секои 6 месеци. Можете да го користите моментно стабилното или моментната развојна платформа. Секое издание е поддржано најмалку 18 месеци.

Ubuntu е јужноафриканска етичка филозофија која се фокусира на верноста на луѓето и нивните меѓусебни врски. Зборот доаѓа од Zulu и Xhosa јазикот. Ubuntu (се изговара „у- бун- ту“) е традиционален африкански концепт и се смета за едно од основните начела на новата Јужноафриканска република и е поврзан со идејата за ренесанса на Африка.

Грубиот превод на Ubuntu начелото е „хуманост спрема другите“. Друг превод би бил: „верба во општата врска на делење која го поврзува целото човештво“.

Како платформа базирана на GNU/Linux, Ubuntu оперативниот систем го донесува духот на Ubuntu во светот на софтверот.

Има многу различни оперативни системи базирани на GNU/Linux, како на пример Debian, SuSE, Gentoo, RedHat и Mandriva. Ubuntu е уште еден натпреварувач на мошне густото игралиште. Според што го прави поинаков од другите?

Базиран е на Debian, една од најпризнатите, технолошки понапредните и добро поддржани дистрибуции. Тој има за цел изработка на дистрибуција која дава свеж и кохерентен Linux систем за работното опкружување и прислужниците. Ubuntu вклучува голем број на внимателно избрани пакети од Debian дистрибуцијата и наследува моќен пакетен систем кој овозможува едноставна инсталација и отстранување на програми. За разлика од останатите дистрибуции кои нудат големи количества на софтвер, кој може и не мора да биде од корист, Ubuntu листата на пакети е ограничена на помал број важни програми од висок квалитет. 

Вообичаено работно опкружување за Ubuntu е GNOME, водечкото UNIX и Linux работно и развојно опкружување. Второ мошне популарно UNIX и Linux работно опкружување е KDE. 

Системот на означување на Ubuntu изданието се базира на датумот на излегување на секое одделно издание. Бројот на верзијата доаѓа од годината и месецот и не ја означува моментната верзија на софтверот.

Ubuntu го одржува брзо растечка заедница. Проектот е спонзориран од страна на Canonical Ltd., холдинг што го основал Mark Shuttleworth. Canonical го вработува јадрото на Ubuntu развивачите и дава поддршка и услуги на советување за Ubuntu.

Canonical Ltd. исто така спонзорира и други Open Source проекти.

Linux kernel, се изговара „ли- нукс“, е срцето на Ubuntu оперативниот систем. Kernel е важен дел на секој оперативен систем зашто прави мост помеѓу хардверот и софтверот.

Linux во 1991- ва го напиша финскиот студент Linus Torvalds. Во тоа време работел само на i386 системот и бил независно направен клон на UNIX kernel, наменет за искористување на можностите на тогаш новите i386 архитектури.

Денес, благодарение на големите напори вложени во развојот од страна на луѓето ширум светот, Linux работи на речиси секоја модерна архитектура.

Што е GNU?

GNU проектот, се изговара „г- ну“, е започнат во 1984- та година со цел развој на комплетен UNIX оперативен систем кој би бил составен од слободен софтвер. Варијантите на GNU оперативните системи, што ги користи Linux kernel, сега се користат насекаде; иако овие системи често се нарекуваат „Linux“, поточно е да се нарекуваат GNU/Linux системи.

GNU проектот е тесно поврзан со филозофијата на слободен софтвер и е јадро на сите деривирани проекти, како што е Ubuntu.

Најпопуларната алтернатива на Windows- ите, Linux -овата дистрибуција Ubuntu, го доживеа своето ново издание. Се работи за верзијата 8.10, која за сите корисници донесува бројни новини и подобрувања во однос на претходната која излезе кон крајот на април.

Најзначајната новина во новата верзија е поддршката за 3G мрежата која овозможува едноставно спојување на мобилните мрежи и користење на мобилен Интернет (ако корисникот има можности и опрема за тоа). Уште една новина е можноста за „позајмување“ на компјутерот на друг корисник, т.е. можноста за логирање на друг корисник во системот без гаснење на вклучените програми или целиот компјутер.

Корисниците отсега ќе добијат можност за инсталација на Ubuntu и на преносен USB диск, за својот оперативен систем да можат секогаш да го носат со себе, заедно со сите податоци.

Ubuntu 8.10 донесува подобра поддршка за Javа, нов kernel кој содржи подобрени управувачки програми (драјвери) и уште некои софтверски и визуелни подобрувања.

Новиот Ubuntu е на располагање од 30- ти октомври на службената web страница www.ubuntu.com. Како и сите Linux- ови дистрибуции, и Ubuntu, да повториме, е целосно бесплатен.

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top