НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Техно Се понеопходна: Web камера
Се понеопходна: Web камера Печати Е-пошта

Web камераИнтернетската комуникација претставува една од најголемите придобивки на глобалната мрежа. Се чини дека текстуалниот chat и гласовните разговори си го „одиграа“ своето и се се помалку интересни и користени.

Ги замени едно мало „апаратче“ кое, патем, и кај нас воопшто не е скапо, а се вика web камера (и добрите односно најдобите „класи“ се продаваат по достапни цени).

Видео комуникацијата со оваа минијатурна камера, што обично се става над мониторот или се држи в раце и се насочува, е повеќе од едноставна. Уредот треба да се спои во USB port, да се активира соодветна програма и да се започне бесконечното муабетење со милото и драгото (машко или женско) во Австалија, Канада, Америка, Африка... Притоа ќе се служите со апликации како што се популарниот Skype, Windows Live Messanger, Yahoo Messanger, Ekige, Stickam итн. Она што особено привлекува е фактот дека сите разговори се сосема бесплатни. Дури и кај нас, во услови кога приклучокот на Интернет и неговото користење е се уште помеѓу најскапите на светот.

Некои познати нешта на оние што секојдневно комуницираат „гледајќи се в очи“, а како препорака за вас:

Сликата е извонредна, технологијата на денешните web камери веќе раскрсти со некогашната зрнетост и непријатните ненадејни трепнувања. Некои webcam програми знаат дури и да ги „испеглаат“ брчките, па и да ви го ретушираат лицето!

Меѓутоа, треба да се истакне дека видео комуникацијата е само една од погодностите кои ни ги нудат овие згодни оптички алатки. Имено, web камерата може да послужи и како прирачен скенер. На пример, зошто со неа да не сликате важен документ и по електронска пошта да му го испратите на оној кому му е потребен „во овој миг“?

Некои модели имаат и вградена меморија, па можат да се користат како вистински мали дигитални фотоапарати. Тука е и примената во подрачјето на безбедноста- вперете ја web камерата во вратата на својата канцеларија и ќе го фатите неповиканиот „гостин“.

Конечно, со web камерите можеме и да се забавуваме. На Интернет може да се најдат безброј flash игри кои ги користат нивните единствени можности. Игрите одат од миење на виртуелни прозорци со помош на движење на раката, па се до забавно шминкање на штотуку насликано лице.

Сосема е јасно дека web камерите се неверојатно корисни справички без кои едноставно не се може. Комуникацијата без видео веќе станува незамислива. 

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top