|
Од стандардно до шокантно |
|
|
|
И во спортот, како во се друго, се случуваат нешта кои не излегуваат од вообичаените, стандардните, но и кои го изненадуваат, скандализираат, шокираат светот.
Вести и информации за некои нови и најнови:
   - на првиот ден од 2010-та година стартува најпрестижното и најопасно натпреварување на планетата-31-та рели трка Дакар. Ќе се вози во Јужна Америка, низ Аргентина и Чиле;
-двајца спортисти годинава го шокираа светот: Усаин Болт и Мајкл Феlпс се сметаат за спортисти на 21. век, и според неверојатните резултати и според физичките предиспозиции;
-шпанскиот тенисер Рафаел Надал очекува подобра сезона во 2010-та и е убеден дека ќе ја почне многу подобро отколку претходната;
  -од фудбалот: кога се има пари „колку што треба“ и долг од 340 милиони фунти може едноставно да се „избрише“(!);
-уште една афера: на фирмите што го спонзорирале, односно на нивните акционери, со својот сексуален скандал американскиот голфер Тајгер Вудс им предизвикал 5 од 12 милијарди долари загуба;
-италијанскиот велосипедист Џани да Рос е суспендиран на дури 20 години поради допинг; тоа е една од најтешките казни што ги изрекол кога било Италијанскиот олимписки одбор (CONI).
|
|
Повеќе...
|
|
Настани кои оставаат трага, некои и неизбришлива |
|
|
|
  Трагите во спортот често траат само една сезона, односно додека се случува, додека не се заврши натпреварувањето. Често само додека натпреварот трае. Се разбира, оние „нај“ не може да се „третираат“ како траги, бидејќи не се „зад“ постигањата, туку се тоа самите- достасани врвови.
А дали во тековните настани и случувања, како и оние што претставуваат нивна најава може да се предвидат или претпостават, однапред да се„видат“ траги, плитки или длабоки сеедно?
Од пренесеново сами проценете го или измерете го нивното траење.
|
|
Повеќе...
|
|
Занимливости или „нормални" настани |
|
|
|
Можно ли е секој ден да се случува нешто необично и несекојдневно? Се разбира, на тоа сме сведоци самите ние или оние крај нас, околу нас, подалеку од нас. Но дали се тоа или занимливостите- вести и информации за необични и несекојдневни настани и случувања? Можат ли да се наречат така оти, на пример, предизвикуваат повеќе односно заслужуваат малку поголемо внимание од другите? Во конкретвниот случај (овој прилог)- спортските.
Иако се чинат маргинални, сепак занимливостите заслужуваат макар извесна (макар површна) промисла во различни контексти (дури и филозофски). Како поттик или „појдовна позиција" нека послужи следнава дефиниција:
Занимливостите се вести кои од другите се разликуваат според нестандардната и неповторливата содржина (настан, случување).
Неколку понови и најнови занимливости во различни спортови:
|
|
Повеќе...
|
|
Пред стартот на СП во F1 |
|
|
|
Историјата на автомобилските трки во Фомрула 1 е мошне богата, со многу блесоци, одблесоци, подеми и падови, славја и трагедии. Всушност, во секоја сезона, во секоја трка се случува се и сешто, и директно и индиректно поврзано со самите учесници- возачите и нивните тимови односно компании, а пред се она што „се врти" во секој бизнис на нашево време- милиони долари влог и секогаш многу повеќе профит.
Еве некои од најважните моменти на развојот на секогаш „највисокиот врв" во автомобилизмот:
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>
|
|
Страница 3 од 4 |