| Докажано: претходниците на хомо сапиенс биле мршојадци! |
|
|
|
До таков заклучок дошла група на антрополози од американските универзитети Харвард и Балтимор, благодарение на една истражувачка дисциплина: енергетиката. Таа ги истражува потенцијалните извори на храна на некое одредено подрачје: колку потрошокот на енергија бара потрага по храна, а колку енергија повторно надоместува секоја пронајдена храна. Од август 1983-та година студентите на професорот Глин Ајзак од Харвард со помош на тој метод ја проучувале огромната рамнина Серенгети во Танзанија, трагајќи по извори на храна. Во таа област, како што сметаат научниците, владеат исти еколошки односи какви што владееле во некоја савана пред 2 милиона години. Нашите претци не се прехранувале само како ѕверките, туку тие и живееле поинаку отколку што дотогаш се претпоставуваше. Тој заклучок Глин Ајзак го извлекол врз основа на "енергетските" истражувања: Хоминидите по правило не ловеле во групи и својот плен не го конзумирале во групи на стриктно одредени логорски места. Многу почесто првите луѓе талкале низ саваната во која, додуша, постоеле и одредени места за колективни собирања-во шумичка, покрај речни корита или на поилишта. Проучувањето на денешните еколошки односи во саваната Глин Ајзак и неговите соработници го сметаат за важно дополнение на анализата на пронајдените праисториски коски. Со помош на електронски микроскоп, антропологот Пат Шипмен од Хопкинсовиот универзитет во Балтимор ја потврдил тезата дека првите луѓе навистина биле мршојадци: на коските стари 1,7 милиони години се пронајдени паралелно траги на животински каснувања и траги кои ги оставиле примитивните алатки на хоминидите. Редоследот на глодањето потврдува дека со пленот се нагостило најнапред животно, а дури по него човек односно хомо сапиенс. |







Мршојадци биле оние што пред 2 милиона години живееле во саваните на Африка.













