НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ЕДУКАТОР Сознанија-спознанија
Сознанија-спознанија
Светоглед и севиднина Печати Е-пошта

МаслоКолку поразлични прашања и одговори, толку поширок светоглед и поголема севиднина.

Како си го поттикнуваме, потхрануваме љубопитството? Единствено со непрестано движење помеѓу таинственото и непознатото, неоткриеното и подоткриеното. Не за да се лунѕа како во лавиринт, туку за да се одгатнува и запознава, открие и дозоснава.

За најразлични нешта:

-Која војна во историјата на човештвото  траела повеќе од 100 години и е наречена стогодишна?;

-Зошто луѓето одат исправено?;

-Јадранското море исчезнува!;

-Како да се спаси „Аја Софија“?

Повеќе...
 
За пастелот, пелинот и возењето на Англичаните по левата страна Печати Е-пошта

Знаете ли штo е тоа пастел? А пелин? Сте се запрашале ли зошто Англичаните возат по левата страна?

Пастел е сува боја во форма на молив или креда. Моливот се изработува така што бојата се раздробува и се меша со прав од креда, глина и сл. Таа мешавина со додавање на растопена  арапска гума се претвора во тесто (италијански pasta), од кое  се формираат стапчиња. Тие по сушењето затврднуваат, па можат да се вметнат и во дрво како молив;

Пелин доаѓа од латинското име Artemisia. Тоа е растителен род на полугрмушки или зеленчуци од семејството главици со наизменично распоредени перјести, ретко неразделени листови;

Дека Англичаните возат по левата страна на патиштата само за да се разликуваат од „остатокот на светот", е всушност само злонамерна помисла за нив, како дел од она: „Само Англичаните можат да бидат Англичани". А всушност станува збор за нешто сосема друго, со историски контекст.

 

Повеќе...
 
Филологија Печати Е-пошта

ФилологијаОсновно сознание: наука за зборовите, говорот, јазикот, писменоста.

Самиот назив филологија  има повеќе значења, па следствено не се исцрпува  во изворното грчко, каде што, како во Платон, значи љубов спрема умувањето  или докажувањето, ниту во модерното кога се употребува  како дублет со лингвистиката. Помеѓу тие два терминилошки краја филологијата значела и значи  и различни и спротивставени ствари (на пр. знаење за јазикот и културата на Грците и Римјаните; проучување и споредување на различни јазици; љубов спрема говорот, јазикот и писменоста; проучување на книжевни текстови и писмени споменици; студирање на јазикот и книжевноста воопшто), но секогаш во средиштето е јазикот, речиси редовно  како пишан документ или текстуална основа, па како таков и предмет  на научна (филолошка) обработка.

Повеќе...
 
За доказот Печати Е-пошта

ФотографијаНешто не вреди ако не се докаже со нешто. Дури и кажувањето не може без докажување. Доказот е услов за прифаќање или неприфаќање на нешто. Што е тоа доказ?

Најнапред, доказот претставува искуствен или мисловен податок кој го оправдува прифаќањето на некој суд (мислење, теорија). Едновремено, тоа е и постапка со која се поткрепува валидноста на некое тврдење или теза.

Различна е дефиницијата и поинаков  е третманот на доказот во одделни области.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 10 од 14
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top