|
За "тихоста" на Тихиот океан; Нијагара е река или...? |
|
|
|
 Две „географски“ прашања со куси и поттикнувачки одговори. За дознавање и досознавање. Не само како дел од „општата“ љубопитност:
Најголемиот океан на Земјата има неколку називи: Голем, Тихи, Пацифик, а називот „Тихи океан" потекнува од „El mar Pacifiko".
Нијагара нема свои извори, ниту потоци кои ја хранат. Таа е природен канал кој спојува две големи езера- Ери и Онтарио, на самата граница помеѓу САД и Канада. Езерата се дел од системот на големи езера, во кои спаѓаат уште и Супериор, Харон и Мичиген.
|
|
Повеќе...
|
|
Непознатото растение бамбусот |
|
|
|
Тоа е едно од најкорисните од топлите краишта.
Во Кина младите фиданки на бамбусот служат како зеленчук, здрвенетото стебло се користи како материјал за градење на куќа, правење на мебел, садови, стапови и во плетарството.
Бамбусот цути мошне ретко-речиси на секои 100 години! Некои видови цутат секоја 30-та година , други на 67, а трети на секои 120(!) години. Ги има и оние кои никој не ги видел расцутени. Всушност, тоа е сосема нормално ако се има предвид дека ова растение од родот на тревите, кое расте и до 40 метри височина, одолговлекува со цутењето затоа што веднаш потоа умира.
|
|
Повеќе...
|
|
Тешка и неизлечива болест: клептоманија |
|
|
|
Според проучувањата на психијатрите од Харвард, 6.000 од 10.000 луѓе патат од клептоманија.
„Најчесто станува збор за лица што се физички или сексуално малтретирани во детството", вели Д-р Маркус Голдман, психијатар. „По правило, тие потекнуваат од пореметени семејства и се наклонети како на депресија, исто така и на неконтролирано сексуално однесување".
|
|
Повеќе...
|
|
Активна љубопитност* |
|
|
|
Вака е и не може да биде поинаку: љубопитноста е секогаш во нас, уште од раѓање, од најмали нозе, подеднакво „енергизирана“ во сите животни доба.
Меѓутоа, доколку не ни е активна, ако не постојано барем одвреме- навреме, со време толку ќе се и ќе не пасивизира што за нас со право да се вели дека сме стасале до кај сме и за натаму не сме. Пасивната љубопитност е всушност рамнодушност спрема се околу нас, од нас, па и во нас. Всушност поразија на животот.
Не сте љубопитни да прочитате, макар само како првично сознавање- дознавање, како поттик за натамошно откривање, за десетте компјутерски „божји заповеди“, историјата на креветот, за глувците во митолошкиот свет? Или за исламската архитектура во Шпанија, за првите куклени театри? А ви паднало ли на ум да се запрашате како ајкулите го откриваат пленот?
Еве ги одговорите:
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Страница 7 од 14 |