НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home ЕДУКАТОР Сознанија-спознанија
Сознанија-спознанија
Орлеански Печати Е-пошта

Јованка ОрлеанкаОрлеански (Orleans) е војводска титула на некои споредни линии на француската кралска куќа, кои го држеле поседот на војводината Orleans.

Титулата „војвода орлеански“ прв во 1344-та година му ја доделил францускиот крал Филип VI на својот син Филипе (Philippe). Бидејќи овој немал наследник, титулата во неговата лоза замрела.

Во 1392-ра година кралот Карло VI таа титула му ја доделил на својот брат Louis de France (или de Valois), втемелувачот на линијата Valois-Orleans. Негов син е Charles d'Orleans (1391-1465), кој во англиско заточение минал 25 години. Заедно со F. Villon, тој е најистакнат претставник на француската поезија од 15-от век. Негов син е францускиот крал Луј XII. Charles d'Orleans (1522-1545), син на францускиот крал Фрањо I, се истакнал во борбите против Карло V.

Повеќе...
 
За пушењето Печати Е-пошта

Цифари, пепелникКога луѓето почнале да пушат?

-Се верува дека луѓето почнале да ги користат лисјата на тутунот за пушење и џвакање многу одамна, некаде околу 1.000 г.пр.н.е.

Тутунот е растение изворно од американскиот континент. Таму расте повеќе од 8.000 години.

Како и зошто е првпат употребен за пушење, никој не знае, но се верува дека така првпат го употребиле припадниците на средноамериканската цивилизација на Мајите. Од Централна Америка употребата на тутунот постапно се проширила кај сите цивилизации на Северна и Јужна Америка.

Повеќе...
 
Се за јајцата Печати Е-пошта

КајганаПогрешно мислење: јајцата се висококалорични и придонесуваат за дебелеење.
Нутриционистите утврдиле дека тие се нискокалорични. Едно јајце со согорување дава само 70 калории.

И не само тоа, има и многу други позитивни особини: тоа е мошне штедар, а истовремено евтин извор на високо вредни протеини и исклучително богатство на витамин Б12 и минерали.

Негативности: повисока содржина на холестерол, јајцето е често причина за алергии предизвикани со исхрана, а може да пренесе салмонела ако недоволно се свари.

Повеќе...
 
Докажано: претходниците на хомо сапиенс биле мршојадци! Печати Е-пошта

Homo sapiensМршојадци биле оние што пред 2 милиона години живееле во саваните на Африка.

До таков заклучок дошла група на антрополози од американските универзитети Харвард и Балтимор, благодарение на една истражувачка дисциплина: енергетиката.

Таа ги истражува потенцијалните извори на храна на некое одредено подрачје: колку потрошокот на енергија бара потрага по храна, а колку енергија повторно надоместува секоја пронајдена храна.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 1 од 11
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top