| 10 совети за напредување во кариерата |
|
|
|
1. Зборувајте со својот шеф Седнете и одржете директен и смислен разговор со шефот или со надредениот за иднината во компанијата. Задолжително наведете дека сакате да придонесете за деловните цели на компанијата. Поделете ги своите желби во кариерата со шефот. Вашиот надреден ќе ја респектира вашата доверба да ги споделите овие информации со него. Побарајте повеќе одговорност во компанијата или на работниот тим- така ќе ја зголемите својата вредност во организацијата. Молбата за додатна работа ќе им покаже интересирање на вашите надредени дека сакате да учествувате во успехот на организацијата. Доколку сакате да напредувате во кариерата, пронајдете шанса да му волонтирате или да му помагате на бордот на надредените и управниот одбор, каде што можете да изградите репутација на некој што е мошне заинтересиран за иднината на компанијата. Позитивните човечки квалитети можат да имаат круцијална улога во респектирањето од страна на вашите колеги и надредени; тие исто така можат да предизвикаат внимание кај лица од друга компанија кои можат да ја отворат вратата за нови деловни можности. Бидете пријателски расположени, ажурни и отворени. Слушајте ги своите колеги и вежбајте да бидете ефективен и искрен комуникатор. Никогаш не се притеснувајте да изнесете креативни идеи- надредените ќе умеат да го ценат тоа. Градењето на односи со ментор, било тој да е во компанијата или надвор од неа, може да помогне во кариерата. Истражувањата покажуваат дека 4 од 5 унапредувања се забрзани од страна на ментор кој се наоѓа на повисока позиција во компанијата. Менторите исто така се одлични извори на информации или совети за унапредување во кариерата. Пронајдете начин на самопромоција. Доколку сте добиле пофалби од надредените или сте креирале успешна програма, потрудете се што повеќемина луѓе да дознаат за тоа- особено оние на повисоки позиции кои можат да ви помогнат во вашата кариера. Потврден начин на напредување во кариерата е непрестаното учење и впивање на нови знаења. Изградете своја лична и професионална мрежа на контакти во организацијата и надвор од неа, учествувајте на конференции или дури и волонтирајте. Колку повеќемина ги познаваат вашите знаења и способности, поголеми ви се шансите да ја проширите листата на корисни контакти. Во бизнисот вашата репутација е најбитна особина. Бидете одговорни, независни, професионални и кооперативни. Однесувајте се и изгледајте како професионалец.
|







Многумина експерти од областа на човечките потенцијали се согласуваат во оценката дека најдобро време за пронаоѓање на ново работно место е токму кога се уште работите на старото работно место.













