НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home AJ Шоубиз Таленти, политичари, творци
Таленти, политичари, творци Печати Е-пошта

ГрафикаПренесуваме најнови агенциски вести за „вонсериски“ настани и луѓе со искажани, покажани и докажани посебности:
 
-најмладиот инженер на Microsoft е Македонец!;
-за вкусот на политичарите во облекување;
-што мисли режисерот на филмот „Хитлер: конечен пад“ за „лутите Хитлери“;
-веќе го нема таинствениот посетител на гробот на големиот поет Едгар Алан По.
 
Младиот компјутерски гениј го положи последниот испит во Љубљана и така стана најмлад систем- инженер на Microsoft. По тој повод со него објавија интервјуа два електронски медиума- CNET i CBC
 
-9-годишниот Марко Ќаласан е сосема сигурно чудо од дете, изјавил Матеј Потокар, главен менаџер на Microsoft во Словенија.
 
Во изјава за Македонското радио Марко рекол дека би сакал да живее во Америка за да биде близу до најновите технолошки достигнувања и близу до Microsoft. Дневно на компјутер работи во просек 4 часа, но понекогаш и повеќе од 10. Не игра игри зашто смета дека тие не нудат ништо вредно, а на своите врсници им порачиуа ако сакаат да играат да излезат надвор и да побараат друштво на своите пријатели.
 
Ќаласан и ГруевскиГлавниот менаџер на Microsoft во Словенија потенцира дека, кога дошол на студии во Словенија, на Марко му требале само 30 минути да ги покаже своите вредности.
 
Заедно со своите родители, кои се исто така систем-инженери, Марко во Скопје отвори информатичка школа за деца од 8 до 12 години. Во меѓувреме работи и проекти, а најновиот е за продукција на висококвалитетни HD лекции во Full HD формат, како и за дизајнирање на систем за нивно емитирање по пат на мрежна дистрибуција. Марко сака проектот да му го претстави на некој голем светски IT собир, а се надева дека за него ќе се заинтересира и некоја фирма во Македониија;
 
Претседателската функција не подразбира и добар вкус во облекувањето. Американскиот магазин „Тајм“ направи листа со 10-мина најлошо облечени светски лидери чии костуми на стилистите им се ноќен кошмар.
 
Фидел Кастро-Свое место на овој своевиден попис најде претседателот на Јужноафриканската Република Јакоб Зума, познат според својата љубов спрема кожни јакни. Не би било ништо страшно кога тие не би биле прошарани со дебели жолти и зелени пруги, според знамето на неговата земја. Дури 85% од Јужноафриканците никогаш не би облекле таква јакна.
 
Се „истакнува“ и вечниот диктатор и севернокорејски „сакан син“ Ким Јонг-ил. Неговата облека се сведува на безлични сафари костуми во кафеава боја, а често носи и преголеми диоптриски очила за сонце.
 
Рускиот премиер Владимир Путин на листата го „довела“ страста спрема кожата, но не животинската, туку сопствената. Бидејќи не може да задржи маичка на себе, Путин користи секоја можност да се соблече пред новинарите и да го покаже своето мускулесто торзо. Забележано е дека кога ќе се најде на некое „постудено“ место, како што е Сибир, тој не излегува од кожните бунди со качулка обрабена со крзно.
 
 
На листата се и поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче, Либиецот Гадафи, а откако замина во пензија Фидел Кастро во последниве неколку години не излегува од тренерките на Адидас.
 
Сепак, најголема трага во историјата на облекувањето остави Мао Це- тунг. Знаеше да основа држава и партија, но не знаеше како да се облече. По неговиот пример, на кинеското село и денес се носат еднобојни работнички костуми;
 
Сцена од филмот
Режисерот на филмот „Хитлер: конечен пад“, Оливер Хиршбигел, е задоволен оти сцена од неговиот филм на бизарен начин заживеа на Youtube и дури истакнува оти најмногу му се допаднале обработките.
 
-Кога германскиот режисер во 2004-та ја сними особено ефектната сцена во својот филм, во која Адолф Хитлер во својот бункер беснее кога сфаќа дека војната е изгубена, не ни сонувал дека глумечката бравура на Бруно Ганза ќе биде искористена на Youtube и ќе стане вистински културолошки феномен во кој на запрепастениот Адолф со титлови му се припишува лутење поради се и сешто, од поразот на Хилари Клкинтон на изборите за демократски претседателски кандидат до испадот на Кени Вест на доделувањето на наградите VMA, кога му упадна во зборот на Тејлор Свифт.
 
„Некој ми испраќа линк секогаш кога ќе се појави нов „налутен Хитлер“, мислам дека сум ги видел 145! Се разбира, морам да го стишам звукот кога ги гледам. Често речениците се толку смешни што се смеам на глас. Па така, се смеам на сцената која самиот сум ја снимил! За режисерот нема поголем комплимент од тоа“, вели Хиршбигел, кој пред филмската кариера занаетот го печел на телевизија режирајќи бројни епизоди на серии, како што е „Комесар Рекс“.
 
Како „налутени Хитлери“ кои особено му се допаднале, режисерот го издвојува оној кога Хитлер дознава за смртта на Мајкл Џексон и кога Хитлер не може да добие влезница за мјузиклот „Били Елиот“.
 
„Смислата на филмот е во тоа тие ужасни луѓе да се соборат од престолот што ги прави некакви демони, да ги направи реални и нивните дела да ги врати во стварноста. Мислам дека е добро што сега тоа се смета како дел од историјата и се користи за каква било цел што им се допаѓа на луѓето. А кога некако би можел да ги наплатам авторските права за тоа, би бил уште позадоволен“, истакнал режисерот;
 
Гробот на Едгар Алан ПоПрвпат во последните 6 децении на роденденот на Едгар Алан По на неговиот гроб не осамнале три рози и половина шише коњак. Обожавателите на таинствениот „наздравувач“, кои по обичај чекале да го видат оддалеку, се разочарани и загрижени.  
 
-Таинствениот „наздравувач на По“ оставил загадочна „понуда“ на поетовиот гроб првпат во 1949. година (на 100-годишнината од неговата смрт) и оттогаш ниедна годишнина на поетовото раѓање не минала без 3 рози (се претпоставува дека се за По, неговата сопруга и негувателката, 3-те лица закопани во ист гроб) и половина шише коњак (за кое никој нема поим што би требало да значи). Ниедна, па ниту минатогодишната 200-годишнина.
 
Меѓутоа, годинава, на 201-от Поов роденден на балтиморските гробишта Вестминстер Хол оставачот на розите и коњакот го немаше. За него не се знае ништо, освен (според една од неколкуте загадочни пораки што ги оставал при некои посети) дека оригиналниот посетител умрел во 1998-ма година, а „должноста“ ја презел неговиот син.
 
Бројните обожаватели на Едгар Алан По и љубители на легендата за таинствениот оставач на розите и коњакот се мошне разочарани и не знаат што да мислат; некои допатувале од далеку само за да го видат таинствениот лик замаскиран во плашт со качулка како го остава цвеќето и пијалакот.
 
Џеф Џонс, куратор на Поовиот музеј кој чува бројни оставени рози (пресувани) и шишиња коњак, се надева дека таинствениот посетител догодина сепак ќе се појави и оти нема да биде онака како што гавранот рекол во најпознатата Поова песна: „Никогаш повеќе“.

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top