| Минливоста и маргиналноста како забава |
|
|
|
Не е никаков проблем секојдневно да се објавуваат-лиферуваат вести од светот на шоубизнисот. Не секој ден, туку секој час, море секоја минута. Можеби тоа би било добро за негово „легнување“ или „смирување“: да се заситат-наситат оние што го следат и сонуваат во него да влезат. Па како и се друго премногу, да им дојде преку глава и во умереноста да го побараат единствено вредното-создаденото.
Можеби со изборот на најновите вести од шоу бизнисот ќе успееме токму во тоа:
-Белград е метрополата со најдобра понуда на ноќен живот и забава, според листата што ја составил светскиот туристички водич „Лоунли пленет“ (Lonely Planet). Главниот град на Србија е прв на листата „најдобри градови за провод“, категорија која водичот ја ставил во новиот „1000 Ultimate Experiences“ (1.000 ултимативни искуства), објави агенцијата Ројтерс на својот Интернет сајт.
На второ место е Монтреал, на трето Буенос Аирес, а потоа следат Дубаи, Солун, Ла Паз, Кејптаун, Баку, Окленд и Тел Авив;
-Режисерот на „Национално богатство“ Џон Тертелтауб ќе работи долгометражен филм за настанувањето на еколошкото движење Гринпис, објави весникот „Варајети“. Хрониката го следи движењето од доцните 1970-ти до раните 1980-ти години, а ќе биде раскажана од аголот на харизматичните и контроверзни основачи Боб Хантер и Рекс Вејлер.
Двајцата ја предводеа ексцентричната група на пацифисти, еколози, музичари, учители, морнари и научници кои се обидоа- често и успешно- да попречат американски и француски нуклеарни проби, јапонски и руски китоловци и норвешки ловци на фоки;
-Американскиот синеаст Мартин Скорсезе ќе ја добие наградата „Сесил Б. Демил“ за животно дело на следното доделување на Златните глобуси, на 17. јануари идната година (2010.).
Скорсезе (66) е двоен добитник на Златни глобуси, за филмовите „Бандите на Њујорк“ и „Двојна игра“, а со Оскар е награден за режија на „Двојна игра“. Бил меѓу кандидатите за Златни глобуси и Оскари со филмовите „Разјарениот бик“, „Авијатичар“ и „Добри момци“.
Помеѓу поранешните добитници на наградата „Сесил Б. Демил“ се Стивен Спилберг, Ворен Бити, Ентони Хопкинс и Мајкл Даглас. Номинациите за Златни глолбуси ќе бидат соопштени на 15. декември;
-Филмот „This Is It“, со снимки од проби пред концертите кои Мајкл Џексон требаше да ги одржи во Лондон, ја надмина зааботувачката од 200 милиони долари од прикажување во кино сали ширум светот.
Филмот постигна заработувачка од 61 милиони долари во САД и повеќе од 140 милиони долари во Јапонија (27,2 милиона), Велика Британија (14,3 милиони) и во Германија (12,1 милиони долари), соопшти студиото Сони пикчерс (Sony Pictures).
„This Is It“ го прикажува „кралот на попот“ во текот на пробите пред повратничката турнеја. Џексон, кој на 25. јуни ненадејно почина од преголема доза на лекови, првиот од 50- те концерти требаше да го одржи во јули во Лондон;
-Основачот на „Мотаун рекордс“ Бери Горди, како и ѕвездите Арета Френклин, Кид Рок и Стиви Вондер, присуствуваа на одбележувањето на 50-тата годишнина на основањето на дискографската куќа од Детроит.
Влезниците за „Златна гала претстава“ чинеа 350 долари, а настанот е организиран за да се соберат пари за Историскиот музеј на Мотаун, сместен во првото здание во кое се наоѓала дискографската куќа што Горди ја основал со позајмени 800 долари.
На прославата на јубилејот на „Мотаун“, кој во 1972. се пресели во Лос Анџелес, присуствуваа околу 750-мина луѓе кои и оддадоа почест на куќата од која излегоа низа на хитови, како што се „My Girl“ во изведба на „Темптејшенс“, „The Tears of a Clown“ што го пееја Смоки Робинсон и „Мираклс“, како и „I Heard it Through the Grapevine“ во изведба на Марвин Геј;
-Ексцентричната американска пејачка Лејди Гага ќе пее пред британската кралица Елизабета Втора на гала свеченоста во Операта во Блекпул, јави Би-Би-Си. Пејчката на хитот „Poker Face“ е позната по спектакуларните настапи, како што е „обгорување“ на огномет од нејзиниот градник.
На свеченоста на 7. декември, што ќе се одржи во корист на Доброволниот фонд за помош на уметници-забавувачи чиј покровител е кралицата, ќе учествуваат и Бет Мидлер и Мајли Сајрус, како и групата на танчери „Диверсити“ која победи на годинешниот натпревар „Britain's Got Talent“;
-Новата кабловска телевизија на Опра Винфри OWN ќе започне да емитува програма во јануари 2011., објави холивудскиот печат.
Опра Винфри е „животна сила зад OWN и ќе го предводи новото 24- часовно телевизиско искуство од јануари 2011“, наведе директорката на новата телевизија Кристина Норман.
Телевизијата OWN првобитно требало да почне со работа кон крајот на годинава, потоа стартот е одложен за 2010., а сега и за 2011. OWN е заеднички проект на Опра Винфри и компанијата „Дискавери комјуникејшенс“. Програмата на новата телевизија ќе може да се следи во 80 милиони домови. Опра Винфри соопшти дека во 2011. ќе биде окончана нејзината популарна емисија „Шоу на Опра Винфри“.
|




















