На познатата ранг- листа на списанието „Форбс“, кое формира повеќе во текот на годината поврзани со бизнисот, годинава нема поголеми изненадувања, особено во врвот. Освен големиот пад на Анџелина Џоли во однос на позицијата во минатата година.
Светските политичари се однесуваат шоуменски, кои повеќе, кои помалку успешно. Се разбира многу „посериозно“ отколку, на пример, естрадните ѕвезди. Треба ли да се спомнува без дилема најголемиот докажан шоумен помеѓу нив, италијанскиот премиер Силвио Берлускони?
Исто така, најмногу од својата политичка дејност тие „претвораат“ во бизнисменска „претстава“ или во „политичко-бизнисменска“.
Сепак, кога станува збор за политичарите се чини најсоодветно е да се каже дека особено светскиот „шоубизнис“ најмногу се врти околу нив.
Во светот на шоу бизнисот она што има вредност-создаденото на актери во него не само што не излегува на „површината“, не се согледува, туку станува безначајно. И тоа само поради општоприфатената бизарност на и во тој свет: забавата како единствена смисла, оправдување на живуркањето.
Не е никаков проблем секојдневно да се објавуваат-лиферуваат вести од светот на шоубизнисот. Не секој ден, туку секој час, море секоја минута. Можеби тоа би било добро за негово „легнување“ или „смирување“: да се заситат-наситат оние што го следат и сонуваат во него да влезат. Па како и се друго премногу, да им дојде преку глава и во умереноста да го побараат единствено вредното-создаденото.
Можеби со изборот на најновите вести од шоу бизнисот ќе успееме токму во тоа: