| Предание за снегот и градот |
|
|
|
Грешуајќи дедо Адам и баба Ева во рајо, 'и проколнал Госпо, 'и истерал од рајо да ја работат земјата и со голема мака да си го вадат лебо. Дури биле двата живи, снег на земјата не паднало, а па откоа умреле, 'и наредил Госпо Адам да го врни снего, а па Ева да го крева од земја.При се што биле наредени на таа работа: Адам да го врни снего на земјата, не бил нареден многу да се мачи коа го врнал снего, чунки едно стресуање гаќите, коа си 'и собуал, ќе се разврнел снего. А па коа требало да стани снего (да се стопи), баба Ева ќе запавтала со унечката неколку пати и ќе излезел еден ветер топол (југо) и во неколку дни, коа глеаш- станал снего од земјата.
За градо што паѓа велат стари баби ѓоа луѓе го праиле на тој век и го фрлале со раце одозгора, со ниет да не истепаат сите. Тие луѓе биле од најгрешните на тој век, да затоа биле клаени на такваа мака; тие биле што се обесиле и што се сами отепале.
________
унечка- вид на престилка
|







Грешуајќи дедо Адам и баба Ева во рајо, 'и проколнал Госпо, 'и истерал од рајо да ја работат земјата и со голема мака да си го вадат лебо. Дури биле двата живи, снег на земјата не паднало, а па откоа умреле, 'и наредил Госпо Адам да го врни снего, а па Ева да го крева од земја.










