 |
|
 |
|
Приказни,преданија,легенди
|
Ѓаоло се излага од чоека |
|
|
|
Гледајќи еден казанџија оти бил бакаро црвен, ич не му било по ќеот, сеедно си велел сам со себе: „Ах, анасана, како да можев да и калајлисуам казаниве и да бидат бели, а не вака црвени, да да станам еден калајџија“.
Така мислејќи си казанџијата баеѓи време, се сетил да земе калај и да калајлисуа казани. Сопрво го загреал казано на огно арно и му удрил калајо да го обелуа. Ти го вртел калајо во казано стопен, ти го вртел ѓоа да се обели, арно ама калајо бегал по бакаро како живо стребро и нити една капка не се залепуала. Бре, се мачил калајџијата, бре, се лутил, дека не можел да го калајлиса, едночудо.
|
|
Повеќе...
|
|
Давид и Соломон и деветте ќупој со мед |
|
|
|
Си била една жена вдојца со две деца машки. Бидејќи млада и многу лична, беше ја сакал еден богат што бил во истио град. Арно ама и жената била многу богата, и мажот је, кога умирал, клетва беше и остаил таа да не се мажит, ами децата да му 'и порастит и стоката да му ја дочуат на децата.
|
|
Повеќе...
|
|
Небесните светила |
|
|
|
1. Д е н и н о ќ. Господ имал две клопчиња, едното бело и другото црно; белото било врзано со црното. Кога ќе го одвиткал белото, ќе било ден, а кога ќе го одвиткал црното, ќе се сторело ноќ. Толку многу долго било преденото, што дури да го соберел белио конец на клопче, ќе почнел да го одмотуа црното, и ќе било ноќе.
|
|
Повеќе...
|
|
Ум имам, пари немам |
|
|
|
Си било едно момче што викало:
-Ум имам, ама-ах!-пари немам!
Коа ќе поминело пред луѓе, се така ќе речело:
-Ум имам, пари немам! Ако да беше имало некој чоек од мајка роден, што да ми стореше едно добро, никој пат немав да му го забораам, да ми дадеше некој две илјади грошеи, ќе се сторев царев зет, да после за двете илјади четири ќе му вратев без тек лакрдија!
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 Следно > Крај >>
|
|
Страница 4 од 8 |
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
Почни го денот со ПАНОПТИКУМ |
 |
|
|
|
|
 |
|
 |
|
|
 |
|
 |
 |
|
 |