| За катакомбите |
|
|
|
Во христијанските катакомби гробовите (loculi) се паралелни со галериите, додека во паганските подрачја тие се поставувани под прави агли. Кога една галерија ќе била пополнета, се копало натаму под неа, понекогаш и до седум нивои. Катакомбите во Рим се пружаат стотици километри и содржат илјадници гробови, од кои секој содржи од едно до четири тела. Саркофазите се мошне ретки. Гробовите се затворени со насликани мермерни плочи наредени долж ѕидовите на галериите. Некои од тие слики се најрани примери на христијанската уметност. Во паганските подрачја прославите се одвивале кај односниот гроб на денот на погребот и годишнината на смртта. Поради светоста и скришноста на катакомбите, евхаристиските служби тука се одржувани на годишнините на мачениците. Ископувани се отвори за воздух и светлина за да се овозможат тие прослави кои се одржувале со векови. Главниот период на катакомбите е 3-от и 4-от век. Веќе во времето на Јероним (околу 360-та година) ископувањето не било вообичаено, а кога Аларих (визиготски крал) го разурнал Рим во 410-та погребувањето во катакомби е практично напуштено. Како минувало времето на катакомбите се заборавило, се додека не биле повторно откриени во 1578-ма година. Ги ископувале и темелно ги проучувале старите научници, како што е Антонио Босо (умрел во 1629-та), а во современо време Де Роси, О. Маручи, П. Штигер и Е. Киршбаум. Иако катакомби има во древните градови на Египет, Малта, Либан, Сирија и Палестина, или во нивна близина, најпознатите и најзначајните можат да се најдат во околината на Рим. Во Рим се најдени најмалку шест еврејски катакомби. Тие потсетуваат на христијанските, само што немаат големи одаи за народни собири. Некои научници погрешно верувале дека катакомбите на св. Себастијан ( Рим) означуваат место на кое се погребани Петар и Павле. По половина век истражување, може со доста причини да се претпостави дека култот на овие двајца апостоли тука навистина постоел околу 260-та година од н.е., а можеби и околу 200-тата година од н.е., но не е изнесен ниеден задоволувачки доказ дека овие апостоли првобитно биле тука погребани или дека нивните коски тука биле пренесени по погрбувањето на некое друго место. |







Во Римската Република овој термин се однесува на подземни ископи во мека карпа кои служеле за погребување на мртви. Во подоцнежниот христијански период се ископувани пространи лавиринти на галерии, широки метар до метар ипол, поврзани со одаи кои се разгрануваат под различни агли.













