|
Езотеристите своето знаење го сметаат за најчисто, за совршенство на духовната мудрост. Сметаат дека, доколку се сфати и реалириза, нема потреба за какво било друго знаење, зашто е постигната целосна среќа и слобода со трансценденталната реализација на сопственото Јас.
Што се однесува на користа од него, треба да се има предвид дека езотеричното учење е „само“ комплетна информација за душата, Врховното, и со него се постигнува самореализација како комплетно решение за сите проблеми.
Езотеријата познава три вида на незнаење: дебело, неукост и учено.
Дебелото незнаење е всушност недостиг на образование. Всушност, станува збор за егзотеричен поим. Од една страна, се наведува примерот на Мохамед кој бил неписмен, како и Кабир. И Зен препорачува да се биде што подалеку од книгите, Таоизмот далеку од учените луѓе. Од друга страна, школите што го препорачуваат спознавањето (питагорејството, гностицизмот, Веданта) „спознавањето" го сметаат за спротивно не на незнаењето, туку на „знаењето", „образованието", „ученоста".
Во контекст на езотеризмот, „неазнаењето" значи неукост на езотеризмот, непознавање или отфрлање на светото, божественото, Мистериите, на иницијацијата, заборавот на природата или природата на посветувањето.
Ученото незнаење е изрека на кардиналот де Цуезо (За ученото незнаење, 1440 г.). Спознавањето со незнаење, поинаку наречено апофаза, е неможност од рационално спознавање на Бога поради неговата неискажлива и бесконечна природа. Таквото, филозофско незнаење е мистично спознавање. Идејата потекнува од Платон, а е особено присутна кај Клемент Александриски и Псевдо-Дионис Ареопагит.
Сродно на ученото незнаење е спознавањето со незнаење, т.е. спознавањето на едноставниот дух неоптоварен со знаење, па поради тоа и поприменливо за Апсолутот, за светото, за Празнината.
Еден Исусов исказ: „Блазе си им на сиромавите во духот оти е нивно кралството небеско! (...) Блазе си им на оние што се со чисто срце оти Бог ќе ги гледа!"
|