|
Херметичната традиција своите корени ги влече од стариот Египет. Тајното предание говори како Египтјаните биле наследници на човечката цивилизација на Атлантида, која го завршила својот развоен циклус и ја предала светлината на знаењето натаму.
На самиот почеток на египетската цивилизација првиот на историчарите познат голем религиски циклус бил оној во Мемфис. Тука наследниците на големата Атлантида имале задача да го подигнат и изградат Египет како на земските, така и на суптилните рамништа на постоењето. Во тоа време настанувале најчудесните градби во Египет оти Мемфис бил култ на богот Птах, големиот градител, грнчар и творец. Тоа биле големите архитекти на сите египетски храмови, на општественото и социјалното уредување и основачите на школите на мистериите од кои тогаш настанале другите.
Кога е изграден Египет можеле да се отвораат нови култни средишта кои оттаму го ширеле вечниот пламен на гносата (грчи gnosis=сознание). Така во Хелиополис насатанало средиштето на култот на Озирис, божествена духовна супстанција која латентно постои во сите нас. Подоцна се развиваат и многу други средишта на учења за светлината и универзалните закони на природата.
Египет имал помали подеми и падови во текот на своите рани династии, и главно владетелите се придржувале на се она што старата школа на Мемфис го удрила како темели на нивната цивилизација.
До прва голема промена доаѓа во 18-тата династија (околу 1350-та г.пред Христа), кога на власт во Египет доаѓа фараонот Акенатон. Роден физички како хермафродит, од детството носел и болест на епилепсија, па во тие напади му се мешале божествните светови со сопствените фантазии. Повеќето египтолози сметаат дека бил и хомосексуалец.
Каков да бил, Акенатон мошне многу вложувал и придонесувал за развојот на уметноста и екологијата. Но, жестоко се судрил со Амоновото свештенство, наследниците на старите традиции, па ја пореметил работата на традиционалните Школи на Мистериите. Професорот Ливрага вели: "Се борел против мистериите претворајќи го Египет во боиште на верски војни кои земјата толку ја ослабнале што ги изгубила и своите азиски граници. Аменофис IV (Акенатон) бил добар поет, но мошне слаб владетел, а освен тоа веројатно и хомосексуалец. Во Египет биле изградени повеќе од седумдесет пирамиди, а се вели дека овој фараон некои од нив ги опљачкал и уништил заедно со имињата кои биле опкружени со тркала поврзани до Клучот на Животот, кои денс ги нарекуваме картуши. Владеел седумнаесет години и извршил самоубиство или бил отруен со чаша вино.
Според денешните теории, Сменкаре бил вистинскиот партнер на овој фараон, додека убавата Нефертете била само службена сопруга. Заедно со него исчезнала и неговата егзотериска вера која го обожувала сончевиот диск."
Но, Египет сепак го повратил својот сјај. Хоремхеб, генерал за кого се вели дека го примил жезолот на моќта од канџите на Златниот сокол, ги обновил границите на Египет, а е обновено и иницијатското Амоново братство во Теба.
Рамзес II од 19-тата династија важи за еден од најзначајните владетели на периодот на новата држава и доцниот период. Него го наследува големата династија Рамазеида, која мистериите ги одржувала живи се до некаде околу 1085-та г. пред Христа. Проф. Ливрага вели: "Проучувањето на криптите во Долината на кралевите го открива периодот на сјајот кој постапно бледнеел. За тоа време свештениците во разни храмови брзо ги собирале древните учења и ги криеле мумиите на кралевите во второстепени тајни гробници, оти славата на Египет се ближела кон својот крај. (...)
По погубната војна со Вавилон уследило персиското владеење-XXVII-та династија се наоѓала под железна управа на Камбис, Дариј и Ксеркс. Многу древни церемонии, како оние посветени на Апис, биле укинати, а храмовите и библиотеките уништени. Каналите престанувале да бидат проодни,а подводните храмови, како Абидос, престанале да ја обавуваат својата улога. Бројот на иницирани се свел на неколку мали групи и вистинското толкување на хиератските хиероглифи почнало да се заборава."
По тој период се јавува Александар Велики кого го наследува грчката управа на Египет-Птоломеите. Птоломеј и неговите наследници го обновувале Египет колку што знаеле и можеле. Се смета дека токму преку нив факелот на древните мистерии преминал во Грција, па подоцна и Рим. Длабоко влијаејќи на создавањето на филозофски и мистериски школи, понекои истакнати Грци, како Питагора, патувале и во Египет.
Но тогаш се појавува нов силен импулс кој ќе одреди цел циклус и темел на цивилизација каква што познаваме денес.
Во Галилеја се појавува Исус. Херметичните учења, па дури и филмот "Детето наречено Исус", ни пренесуваат како Исусовите родители по неговото раѓање пребегнале во Египет оти Израел тогаш бил мошне несигурно место. Херметичните учења наведуваат дека Исус во Египет бил воведен во најобемните тајни знаења кои постоеле во тој момент, и ги пренел натаму.
Кога доаѓаат големите учители,како Исус или Буда, тие во текот на својот живот обучуваат внатрешна група на ученици, подоцнежни мајстори, на кои им оставаат обемни тајни знаења, техники и учења. Тоа, меѓу другото, служи, доколку надворешниот вид на учење се урне или свештенството скршне од патот, да не се изгуби оној вреден пламен на вистинско знаење. Таквата херметична, значи затворена група тогаш егзистира во тајност и пренесува знаења во рамките на својот ред. Се смета дека Розенкројцери е таква група на иницирани по директна линија на внатрешното братство кое го создал Исус. На исток се верува дека Буда зад себе ја оставил тн. Асхокину група која, пак според верувањата, егзистира на Тибет.
На Запад најголемо поместување на розенкројцерските дејствувања се одвива во Ренесансата, кога доаѓаатолем број на високи ружи на душите. Истакнати иницирани од тоа време се Леонардо да Винчи, Микеланџело и, можеби и најголемиот помеѓу нив, Џордано Бруно. Тие и многумина други со своите учења и соетувања успеале да го укинат мрачниот Среден век.
Интересно е дека Џордано Бруно бил во состојба да црта (тие цртежи и денес постојат) точни односи на соѕвездијата и правилно да ги толкува нивните односи. Ако се има предвид дека егзистирал и работел пред Галилео и Коперник, а телескопот уште неколку столетија нема да биде измислен, неговите знаења навистина запрепастуваат.
За Езотерното и Духовното
Езотерното и хеметичното се една работа.
Духовното и работата на свеста е друга работа.
Духовното не се занимава со езотерни мистерии, клучеви, знаења и така натаму. Духовната работа на себе оди директно во возбудување на сопствениот дух кој ќе се манифестира во телото. Најубавиот цвет на таквата работа за мене лично е Зен Будизмот.
За жал, Западот нема изградена чиста духовна традиција на ослободување на христијанската догма, така што вистинската работа на себе е тесно поврзана со езотерното. Но постоеле индивидуи кои оствариле високи степени на просветување, како Св. Фрањо Асишки, Св. Августин, Мајстер Ехарт, Тиер д Шарден и други.
Езотерното и херметичното, од друга страна, користат голем број на езотерни знаења и мистерии од разни наследства, како на пример египетското, келтското и нордиското, персиското, грчкото или кое било друго.
Езотерното во себе го содржи и духовното, но пристапот на доаѓањето до претпоставената цел е сосема поинаков. Езотерното во повеќето случаи е врзано за разни братства или пак за Школата на Мистериите. Тоа подразбира и изучување на ритуалните структури на мистериите, на специфичните внатрешни и надворешни хармонизирања, кабалистичките принципи, ѕвездите, елементарните суштества и уште многу, многу други работи. Духовното со тоа не се оптоварува оти суштински за самата реализација на суштеството не е битно.
Во сите херметични друштва или братства постои едно правило, а гласи- еден дел од учењето да се предава писмено, еден дел усмено, а последниот дел ученикот мора самиот интуициски да го одработи. Така е и со многу делови на практиката. Она што пишува во регуларните извори за самата практика не мора да биде и целосно.
Можеби некои други практики, како вештерството, овозможуваат самоиницијации и самостојно учење, но кај херметичките и окултните знаења ученикот не може да дојде до правилни релевантни информации без автентичен Ред или мајстор. Така системот е посложен уште од стариот Египет.
Преземено и преведено од: http://www.hermetizam.com/h_tradicija.htm
|